Makita UH013G Instruction Manual page 65

Cordless hedge trimmer
Hide thumbs Also See for UH013G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
► Сл.1: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за
батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За монтирање на касетата за батерија, порамнете
го јазичето на касетата за батерија со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја докрај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
звук. Ако можете да го видите црвениот индикатор
како што е прикажано на сликата, не е целосно
блокирана во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
► Сл.2: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на користење
и амбиенталната температура, индикацијата може да
се разликува во мала мера од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на алатот/батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи работниот век на
алатот и на батеријата. Алатот автоматски ќе сопре за време
на работењето ако се најде под еден од следниве услови:
► Сл.3: 1. Ламбичка за внимание
Ламбичка за внимание
Боја
Зелено
Црвено
Црвено
ЗАБЕЛЕШКА:
користење, алатот автоматски сопира без
никаква индикација ако гранки или отпадоци се
заплеткаат во него. Во овој случај, исклучете
го алатот и извадете ја касетата за батерија, а
потоа отстранете го заплетканите гранки или
отпадоци користејќи алати како клешта. По
отстранувањето на гранките или отпадоците,
монтирајте ја касетата за батерија и повторно
вклучете го алатот.
Заштита од преоптоварување
Ако алатот или батеријата се преоптоварени од заплеткани
гранки или други отпадоци, алатот автоматски ќе запре, а
ламбичката за внимание ќе почне да трепка зелено.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и
запрете со примената која предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
65 МАКЕДОНСКИ
Трепка
Вклучено
Трепка
Преоптоварување
(алат)/
(батерија)
Зависно од условите на
Преостанат
капацитет
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
Статус
Прегревање
Прекумерно
празнење

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Uh014g

Table of Contents