Bosch GCM 216 Original Instructions Manual page 244

Hide thumbs Also See for GCM 216:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 19
244 | Македонски
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Пила за отсекување и сечење под агол со монтирано
сечило за пила
– Столарска стега (22)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава (32)
– Продолжен држач (21) со безбедносна завртка (38)
(2x)
– Граничник за должина (10)
– Кеса за прав (1)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
Монтирање на продолжниот држач (види слика A)
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Кон дополнителниот продолжеток на масата за пила
може да монтирате и продолжниот држач од левата и
десната страна на електричниот алат.
– Одвртете ја безбедносната завртка (38) со крстест
одвртувач од продолжниот држач.
– Навалете го електричниот алат.
– Ставете го продолжниот држач (21) на двете страни од
електричниот алат до крај во соодветните отвори .
– За заштита од извлекување, завртете ја безбедносната
завртка (38) повторно во продолжниот држач.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика B1−B2)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (19).
или
– Зацврстете ги ногарките на електричниот алат со
обични столарски стеги на работната површина.
1 609 92A 6DZ | (15.03.2021)
Монтажа на работна маса на Bosch
GTA-работните маси на Bosch му нудат стабилност на
електричниот алат на секоја подлога со помош на
ногарките што се подесливи во висина. Подлогите за
делот што се обработува на работната маса служат како
потпора на подолгите делови за обработка.
Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
u
упатства што се приложени на работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го
u
монтирате електричниот алат. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од
расклопување.
– Монтирајте го електричниот алат во транспортна
положба на работната маса.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено всисување (види слика C)
За едноставно собирање на струготините користете ја
испорачаната ќеса за прав (1).
– Ставете ја ќесата за прав (1) на исфрлувачот на
струготини (31).
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents