Philips Avent SCF430 Manual page 171

Hide thumbs Also See for Avent SCF430:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Чекор 3: Дезинфицирање
Внимание: За време на стерилизирањето со вриење во вода,
внимавајте шишето и другите делови да не ги допираат ѕидовите
на тенџерето. Тоа може да предизвика неповратни деформации
на производот или оштетувања за кои Philips не е одговорен.
1 Наполнете тенџере со доволно вода за да ги покрие сите делови и
ставете ги сите делови во тенџерето. Оставете водата да врие
5 минути. Осигурете се дека деловите не го допираат страничниот дел
од тенџерето.
2 Оставете водата да се излади.
3 Нежно отстранете ги деловите од водата. Ставете ги деловите на чиста
површина/крпа или решетка за сушење садови за да се исушат на
воздух.
Склопување на пумпата за измолзување
Осигурете се дека сте ги исчистиле и дезинфицирале деловите на
пумпата за измолзување што доаѓаат во контакт со млеко.
Предупредување: Внимавајте откако ќе ги дезинфицирате
деловите на пумпата за измолзување со нивно превривање затоа
што може да бидат многу жешки. За да спречите изгореници,
почнете да ја склопувате пумпата за измолзување само кога
дезинфицираните делови ќе се изладат.
Проверете да не се изабени или оштетени деловите на комплетот на
пумпата за измолзување пред да ги користите и заменете ги ако е
неопходно.
Забелешка: правилната поставеност на перничето и силиконската
дијафрагма е клучна за пумпата за измолзување да оформи правилен
вакуум.
Забелешка: Броевите на слики што се наведени подолу се однесуваат
на броевите на сликите што се наоѓа на задната преклопена страница од
овој прирачник за корисникот.
1 Ставете го белиот вентил во телото на пумпата одоздола. Турнете го
вентилот колку што е можно повнатре (Сл. 2).
2 Навртете го телото на пумпата на шишето во насока на стрелките на
часовникот за да биде добро прицврстено (Сл. 3).
3 Турнете го вратот во силиконската дијафрагма целосно, до крај (Сл. 4).
Македонски
171

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Avent scf430/00

Table of Contents