Bosch GCL 25 Professional Original Instructions Manual page 131

Hide thumbs Also See for GCL 25 Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 12
A
d
– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
висината. Оставете го да се изнивелира и означете ја
средината на точката на ласерскиот зрак на ѕидот A 
(точка Ⅲ). Внимавајте на тоа, точката Ⅲ да лежи што е
можно повертикално над одн. под точката Ⅰ.
– Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅲ на ѕидот A
го дава фактичкото отстапување од висината на
мерниот уред.
На мерна линија од 2 × 20 m = 40 m максималното
дозволено отстапување изнесува:
40 m × ± 0,3 mm/m = ± 12 mm. Разликата d меѓу точките Ⅰ
и Ⅲ смее да изнесува најмногу 12 mm.
Проверка на хоризонталната точност при нивелирање
на попречната оска
За проверка потребна е една слободна мерна линија од
20 m на цврста подлога пред ѕид.
– Монтирајте го мерниот уред на 20 m растојание од
ѕидот на држач (15) одн. на статив или поставете го на
цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред и
изберете режим со 5 точки со автоматика за
нивелирање.
2 0
m
– Насочете го едниот од двата странични ласерски
зраци, коишто поминуваат по должина на попречната
оска на мерниот уред, на ѕидот. Оставете го мерниот
уред да се нивелира. Означете ја средината на
ласерската точка на ѕидот (точка Ⅰ).
Bosch Power Tools
B
180°
– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
висината. Оставете го да се изнивелира и означете ја
средината на точката на другиот страничен ласерски
зрак на ѕидот (точка Ⅱ). Внимавајте на тоа, точката Ⅱ да
лежи што е можно повертикално над одн. под точката
I.
– Разликата d на двете означени точки I и Ⅱ на ѕидот го
дава фактичкото отстапување од висината на мерниот
уред по должина на попречната оска.
На мерна линија од 2 × 20 m = 40 m максималното
дозволено отстапување изнесува:
40 m × ±0,3 mm/m = ±12 mm. Разликата d меѓу точките Ⅰ
и Ⅱ смее да изнесува најмногу 12 mm.
Совети при работењето
За обележување користете ја секогаш средината на
u
ласерската точка одн. ласерската линија.
Големината на ласерската точка одн. ширината на
ласерската линија се менува согласно растојанието.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
1/4"-прифатот на стативот (6) на навојот на стативот (16)
или обичен фото статив. За прицврстување на обичен
градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив (5).
Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на
стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Прицврстување со универзален држач (опрема)
Со помош на универзалниот држач (15) може да го
прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални
површини или магнетизирани материјали.
Универзалниот држач и исто така погоден и како поден
статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот
уред.
Грубо центрирајте го универзалниот држач (15), пред да
го вклучите мерниот уред.
Работење со мерна плоча (опрема) (види слики A–B)
Со помош на мерната плоча (14) ознаката од ласерот
може да ја пренесете на подот, одн. висината на ласерот
да ја пренесете на ѕид.
Македонски | 131
d
1 609 92A 4HF | (20.08.2018)
180°

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents