Makita UC3550AP Instruction Manual page 86

Hide thumbs Also See for UC3550AP:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
(4)
да нема лица или објекти на растојание
од 2 1/2 должини на дрво во правецот во
кој ќе падне дрвото.
За секое дрво имајте го предвид следново:
правецот на наклонување;
откачени или суви гранки;
висината на дрвото;
природната издаденост;
дали дрвото е скапано или не.
Размислете за брзината на ветрот и за
правецот. Не отсекувајте ако има силен налет
на ветар.
Поткастрување на израстоци на корења:
почнете од најголемите израстоци. Прво
направете вертикален пресек, потоа,
хоризонтален.
► Сл.27
Сечење на спој: Спојот го одредува правецот
во кој ќе падне дрвото и го насочува. Се прави
на страната на која треба да падне дрвото.
Пресечете го спојот што е можно поблиску
до земјата. Прво направете хоризонтален
пресек 1/5 - 1/3 од дијаметарот на трупецот.
Не го правете спојот премногу голем. Потоа
направете дијагонален пресек.
Поправете ја спојката по целата нејзина
должина.
► Сл.28
Задниот дел нека биде повисок од основниот
пресек на спојот. Задниот пресек мора да
биде хоризонтален. Оставете околу 1/10 од
дијаметарот на трупецот помеѓу задниот пресек
и спојката.
Дрвените влакна во непресечениот дел
на трупецот имаат улога на ограда. Не
пресекувајте право низ влакната во ниеден
случај, затоа што инаку дрвото ќе падне
непроверено. Навремено ставете клинови во
задниот пресек.
Може да се користат само пластични или
алуминиумски клинови за да остане отворен
задниот пресек. Забрането е да се користат
челични клинови.
Стојте настрана од дрво кое паѓа. Површината
зад дрвото што паѓа нека биде чиста до агол од
45 ° на двете страни од оската на дрвото (види
ја сликата „површина на делот за отсекување").
Внимавајте на гранките што паѓаат.
Треба да се испланира и да исчисти соодветна
патека за бегање, пред да се почне со
сечењето. Патеката треба да се шири назад и
дијагонално зад очекуваната линија на паѓање,
како што е илустрирано на сликата.
► Сл.29: 1. Насока на паѓање на пилевината
2. Опасна зона 3. Испуст
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
проверете дали алатот е исклучен и откачен
од струја.
Секогаш носете ракавици кога проверувате
или одржувате.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Одржувајте го алатот како што е опишано и редовно.
Барањата според гаранциите се прифаќаат само ако
овие операции се извршени редовно и правилно.
Корисникот смее да извршува одржување само како
што е опишано во ова упатство за користење. Сите
други работи мора да се извршуваат од страна на
овластени сервисни центри на MAKITA.
Чистење на моторната пила
Чистете ја редовно пилата со чиста крпа. Особено
рачките не смеат да бидат маслосани.
Проверување на пластичното
куќиште
Редовно, визуелно проверувајте ги сите делови
на куќиштето. Ако има оштетени делови, веднаш
нарачајте нивна соодветна поправка од страна на
овластени сервисни центри на MAKITA.
Острење на синџирот на пилата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучете го главниот кабел и
носете заштитни ракавици кога работите на
синџирот на пилата.
► Сл.30
Острете го синџирот на пилата
кога:
се прават брашнести струготини кога се сече
мокро дрво;
синџирот ќе навлезе во дрвото со тешкотии,
дури и кога ќе се примени голем притисок;
очигледно е оштетена ивицата за сечење;
Пилата влече или кон лево или кон десно во
дрвото. Причината за ваквото однесување
е нерамномерното острење на синџирот
на пилата или оштетување само на едната
страна.
86 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents