Makita UC3550AP Instruction Manual page 84

Hide thumbs Also See for UC3550AP:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
3.
Завртете го цврсто капакот на полначот на
масло на неговото место.
4.
Внимателно избришете го истуреното масло за
пила.
НАПОМЕНА:
Кога се користи првпат моторната пила, може
да требаат две минути за да почне маслото
за синџирот на пилата да почне да го
подмачкува механизмот на пилата. Оставете
ја пилата да работи без оптеретување
сè додека не се случи тој момент (види,
„ПРОВЕРКИ").
ПРОВЕРКИ
Пред да почнете со работа, направете ги следниве
проверки:
проверете ја затегнатоста на
синџирот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш вадете го кабелот за струја пред да
ја проверувате затегнатоста на синџирот и
носете безбедносни ракавици.
(За модели со навртки)
► Сл.16: 1. Разлабавете 2. Стегач 3. Завртка
за прилагодување на синџирот
4. Насочувачка шипка 5. Синџир на
пилата
(За модели со рачка)
► Сл.17: 1. Разлабавете 2. Стегач
3. Прилагодувачки панел 4. Насочувачка
шипка 5. Синџир на пилата
Осигурете се дека синџирот на пилата лежи точно
спроти долната страна од шипката (видете го
кругот).
Често проверувајте ја затегнатоста на синџирот
бидејќи новите синџири може да се издолжат.
Преголема затегнатост на синџирот на пилата може
да предизвика да се скрши синџирот на пилата, да ја
изаби насочувачката шипка и да ја скрши тркалото
за прилагодување.
Синџирот што е премногу олабавен може да се
откачи од шипката и затоа претставува ризик од
незгода.
Ако синџирот е премногу лабав: Консултирајте го
делот со наслов „Прилагодување на затегнатоста
на синџирот на пилата" и повторно прилагодете ја
затегнатоста на синџирот на пилата.
Проверување на работењето на
прекинувачот
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите кабелот
во мрежата, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
За да се спречи случајно повлекување на
прекинувачот, вградено е копче за забравување.
За да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за забравување и повлечете го прекинувачот.
Отпуштете го прекинувачот за исклучување на
алатот.
Не повлекувајте го прекинувачот силно без да го
притиснете копчето за забравување. На тој начин
може да се скрши прекинувачот.
Проверување на затегнатоста на
синџирот
НАПОМЕНА:
Ако моторната пила не стартува, проверете
дали е ослободена сопирачката на синџирот.
За да ја ослободите сопирачката на
синџирот, повлечете го штитникот за рака
цврсто наназад додека не почувствувате
дека се активирал.
► Сл.18: 1. Преден штитник за раце 2. Заклучи
3. Отклучи
► Сл.19: 1. Преден штитник за раце 2. Отклучи
3. Заклучи
Проверете ја сопирачката на синџирот на следниот
начин:
1.
Држете ја моторната пила со двете раце кога
ја вклучувате. Држете ја задната рачка со
десната рака и предната рачка со левата рака.
Осигурете се шипката и синџирот да не се во
допир со никакви предмети.
2.
Прво притиснете го копчето за заклучување, а
потоа активирачот на прекинувачот. Синџирот
на пилата веднаш ќе тргне.
3.
Притиснете го предниот штитник за рака само
со задниот дел на раката. Осигурете се дека
синџирот на пилата веднаш запира.
ВНИМАНИЕ:
Ако синџирот на пилата не запре веднаш,
не употребувајте ја пилата под никакви
околности. Консултирајте овластен сервисен
центар на Makita.
Проверување на сопирачката за
намалување
вклучете ја моторната пила.
Целосно отпуштете го прекинувачот. Осигурете се
дека синџирот на пилата запира во рок од една
секунда.
ВНИМАНИЕ:
Ако синџирот на пилата не запре веднаш,
не употребувајте ја пилата под никакви
околности. Консултирајте овластен сервисен
центар на Makita.
84 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents