Bosch Professional GNA 3 Original Instructions Manual page 106

Hide thumbs Also See for Professional GNA 3:
Table of Contents

Advertisement

106 | Македонски
Нанесете еден слој од средството за подмачкување на
горната страна на лимот по должина на планираната
линија на сечење.
При подолго работење или работа со зголемено триење
(на пр. сечење алуминиум) треба редовно да го
потопувате алатот за вметнување во сад со средство за
подмачкување.
Сечење според вцртана линија или со шаблон
Клунот на долниот држач (12) може да го користите како
ознака доколку сечете според означената линија.
Правите резови може полесно да се изведат, доколку го
водите електричниот апарат по должина на линијар.
Контурите може да се исечат со водење на електричниот
апарат по должина на шаблонот.
За внатрешни резови потребен е отвор со дијаметар од
41 mm.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
На секои 3 часа исчистете ги и подмачкајте ги
втиснувачот (10), матрицата (14) водечката плоча (11).
Доколку се истрошени втиснувачот, матрицата и
водечката плоча, навреме заменете ги, бидејќи
квалитетно сечење може да се постигне само со остри
алати и со нега на електричниот апарат.
Менување на матрицата
Олабавете ги и извадете ги двете завртки (9). Ставете
нова матрица (14) и добро затегнете ја со завртките.
Истрошената матрица не смее дополнително да се бруси.
Менување на водечката плоча
Водечката плоча (11) служи за заштита на држачот на
матрицата (15).
За менување на водечката плоча (11) извадете ја
матрицата (14) како што е погоре опишано. Олабавете ги
и извадете ги завртките (13) на долниот држач. Извадете
го долниот држач (12) и водечката плоча.
Ставете нова водечка плоча (11). Зацврстете ја
матрицата (14) со завртките (9) и долниот држач (12) со
завртките (13). Добро затегнете ги сите шрафови.
Менување на втиснувачот
Поставете го клучот со внатрешна шестаголна глава (4)
во главата на завртката за позиционирање на
1 609 92A 7MH | (27.04.2022)
втиснувачот (16). Свртете го позиционирањето на
втиснувачот, така што завртката (7) за прицврстување на
втиснувачот ќе се најде точно во средината на
отворот (8) на држачот на матрицата. Извадете го клучот
со внатрешна шестаголна глава од позиционерот на
втиснувачот.
Извадете ја матрицата (14) како и долниот држач (12) и
водечката плоча (11) како што е погоре опишано.
Олабавете ја завртката (7) за прицврстување на
втиснувачот и извлечете го втиснувачот (10) надолу.
Добро подмачкајте го новиот одн. избрусениот втиснувач
и вметнете го одоздола. Повторно затегнете ја
завртката (7) на прицврстувањето на втиснувачот.
Прицврстете ја водечката плоча (11) и долниот
држач (12) како и матрицата (14) како што е погоре
опишано.
Дополнително брусење на втиснувачот
Навременото дополнително брусење (на пр. со
дијамантска брусна плоча за сечење) може да спречи
кршење на втиснувачот (10). Многу оштетениот
втиснувач не смее дополнително да се бруси.
Втиснувачот смее дополнително да се избруси
максимално 1 mm. Брусењето смее да се врши само на
површината и точно под 90° во однос на средишната
оска.
Фино избрусете ги исечените рабови на втиснувачот со
камен за брусење со употреба на масло.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gna 5

Table of Contents