Makita UC002G Instruction Manual page 85

Hide thumbs Also See for UC002G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Проверување на сопирачката за
намалување
ВНИМАНИЕ:
Доколку синџирот на пилата
не запре во рок од две секунди во овој тест,
престанете да ја користите моторната пила и
побарајте помош од нашиот овластен сервисен
центар.
Вклучете ја моторната пила, а потоа целосно
отпуштете го прекинувачот за стартување. Синџирот
на пилата мора да сопре во рок од две секунди.
Нагодување на подмачкувањето
на синџирот
Може да ја нагодите стапката на доток на пумпата
за масло со шрафот за нагодување со помош на
универзалниот клуч. Количината на маслото може
да се нагоди во 3 чекори. Отворете го капачето за да
го нагодите шрафот за нагодување.
► Сл.8: 1. Капаче 2. Нагодувачка завртка
Карабинер (точка за прикачување
јаже)
Алатот може да го закачите со прикачување на
јажето на карабинерот. Повлечете го карабинерот и
потоа врзете го со јажето.
► Сл.9: 1. Карабинер
Назабен браник
Алатот е стандардно опремен со назабен браник.
За замена на назабениот браник, обратете се во
овластените сервисни центри на Makita.
Кога вршите сечење, допрете го назабениот браник
до трупецот и користете го како лост.
Електронска функција
За полесно работење, алатот е опремен со
електронски функции.
Електрична сопирачка
Алатот е опремен со електрична сопирачка.
Ако алатот постојано не успева брзо да запре
по отпуштање на прекинувачот за стартување,
алатот треба да се однесе на сервис во
сервисен центар на Makita.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Не допирајте го синџирот на
пилата со голи раце. Носете ракавици секогаш
кога ракувате со синџирот на пилата.
Монтирање или отстранување на
синџирот од пилата
ВНИМАНИЕ:
шипка сѐ уште се жешки по работата. Оставете ги доволно
да се оладат пред да продолжите со работење со алатот.
ВНИМАНИЕ:
монтирање или демонтирање на синџирот на
пилата на чисто место, без прав и сл.
Монтирање на синџирот на пилата
За да го монтирате синџирот на пилата, извршете ги
следниве чекори:
1.
Ослободете ја сопирачката на синџирот
повлекувајќи го предниот штитник за рака.
2.
Олабавете го шрафот за нагодување на
синџирот, а потоа и задржната навртка.
► Сл.10: 1. Преграда на ѕвездестиот лагер 2. Шраф за
нагодување на синџирот 3. Задржна навртка
3.
Извадете ја преградата на ѕвездестиот лагер.
4.
Проверете ја насоката на синџирот на пилата.
Изедначете ја насоката на синџирот на пилата со
онаа од ознаката на телото на моторната пила.
► Сл.11: 1. Ознака на телото на моторната пила
5.
Поставете еден крај од синџирот на пилата на
горната страна од насочувачката шипка.
6.
Поставете го другиот крај од синџирот на пилата околу
запченикот, пота прикачете ја насочувачката шипка на телото
на моторната пила, порамнувајќи го отворот на насочувачката
шипка со чепчето на телото на моторната пила.
► Сл.12: 1. Ѕвездест лагер 2. Отвор
7.
Вметнете ги испакнатиот дел и чепчето од капакот на
запченикот во телото на моторната пила и потоа затворете го
капакот, така што завртката и чепчето на телото на моторната
пила ќе се совпаднат со нивните соодветни делови на капакот.
► Сл.13: 1. Испакнат дел 2. Преграда на
ѕвездестиот лагер 3. Завртка 4. Чепче
8.
Затегнете ја задржната навртка за да се
зацврсти преградата на запченикот, потоа малку
олабавете ја за нагодување на затегнатоста.
► Сл.14: 1. Задржна навртка
По монтирање на синџирот на пилата, нагодете ја
затегнатоста на синџирот на пилата погледнувајќи го делот
за нагодување на затегнатоста на синџирот на пилата.
Отстранување на синџирот на пилата
За да го извадите синџирот на пилата, извршете ги
следниве чекори:
1.
Ослободете ја сопирачката на синџирот
повлекувајќи го предниот штитник за рака.
2.
Олабавете го шрафот за нагодување на
синџирот, а потоа и задржната навртка.
► Сл.15: 1. Шраф за нагодување на синџирот
2. Задржна навртка
3.
Отстранете ја преградата на ѕвездестиот
лагер, а потоа отстранете го синџирот на пилата и
насочувачката шипка од телото на моторната пила.
85 МАКЕДОНСКИ
Синџирот на пилата и насочувачката
Извршете ја постапката за

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Uc003gUc004gUc006g

Table of Contents