Makita UC002G Instruction Manual page 80

Hide thumbs Also See for UC002G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
синџирот е наострен и затегнат во
согласност со регулативите.
14. Не стартувајте ја моторната пила со
капакот на синџирот поставен на него. Ако
се стартува моторната пила со капакот на
синџирот поставен на него, тој може да биде
отфрлен нанапред и да резултира со телесна
повреда и оштетување на предметите околу
операторот.
Дополнителни безбедносни
упатства
Работење
Кога го користите алатот на каллива земја,
1.
влажна стрмнина или лизгави места,
внимавајте како газите.
Не потопувајте го алатот во вирови.
2.
Не оставајте го алатот незаштитен надвор
3.
на дожд.
Безбедност на електричните делови и
батеријата
Избегнувајте опасни средини. Не користете
1.
го алатот на влажни места и не изложувајте
го на дожд. Ако навлезе вода во алатот, тоа
може да го зголеми ризикот од струен удар.
Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата
2.
може да експлодира. Проверете ги локалните
прописи за можни упатства за специјален отпад.
Не отворајте ги и не уништувајте ги
3.
батериите. Електролитот што се ослободува е
корозивен и може да предизвика оштетување
на очите или кожата. Може да е токсичен ако се
голтне.
Не полнете ја батеријата на дожд или на
4.
влажни места.
Не полнете ја батеријата надвор.
5.
Не држете го полначот, вклучувајќи го и
6.
приклучокот за полначот и терминалите на
полначот со влажни раце.
Не заменувајте ја батеријата на дожд.
7.
Одржување и чување
При складирање на алатот, избегнувајте
1.
директна сончева светлина и дожд и
складирајте го на ладно и суво место.
Посебни безбедносни
предупредувања за горната рачка
на моторната пила
Оваа моторна пила е дизајнирана конкретно
1.
за одржување и поткастрување дрвја.
Моторната пила е наменета да се користи
само од страна на соодветно обучени
лица. Следете ги сите упатства, постапки и
препораки од релевантната професионална
организација. Во спротивно, може да
настанат незгоди со фатални последици.
Се препорачува секогаш да се користи
платформа за подигање (кран, дигалка) за
сечење во дрвја. Техниките на качување
на дрво со помош на јажиња се многу
опасни и за нив е потребна посебна обука.
Операторите мора да бидат обучени за да се
запознаат со користењето на безбедносната
опрема и техниките на качување. Секогаш
користете ги соодветните ремени, јажиња и
карабинери кога работите на дрва. Секогаш
користете опрема за прицврстување и за
операторот и за пилата.
Извршете чистење и одржување пред да
2.
го складирате алатот во согласност со
упатството за употреба.
Осигурете безбедна положба на моторната
3.
пила при транспортирање со автомобил за
да избегнете истекување на горивото или
маслото за синџирот, оштетување на алатот
и телесна повреда.
Редовно проверувајте го функционирањето
4.
на сопирачката на синџирот.
Не полнете масло за синџирот во близина
5.
на оган. Не пушете никогаш кога полните
масло за синџирот.
Употребата на моторната пила може да е
6.
ограничена со државни прописи.
Ако опремата се здобие со тежок удар
7.
или пад, проверете ја нејзината состојба
пред да продолжите со работа. Проверете
дали контролите и безбедносните уреди
функционираат исправно. Доколку има
какво било оштетување или сомнеж за
тоа, побарајте проверка и поправка од наш
овластен сервисен центар.
Секогаш активирајте ја сопирачката на
8.
синџирот пред да ја стартувате моторната
пила.
Држете ја пилата цврсто на место за да
9.
избегнете лизгање (странично лизгање) или
отскокнување на пилата кога започнувате
засек.
10. На крајот од засекот, бидете внимателни во
одржувањето рамнотежа заради опасност
од „паѓање".
Ако ги потфатите прстите, може да дојде
11.
до повреда. Земете ги предвид насоката и
брзината на ветерот.
Заштитна опрема
За да се спречат повреди на главата,
1.
очите, рацете или стапалата, како и за да го
заштитите својот слух, мора да се користи
следната заштитна опрема за време на
работењето со моторната пила:
Видот на облеката треба да биде
соодветен, односно треба тесно да
прилега, но да не пречи во работата.
Немојте да носите накит или облека кои
можат да се заплеткаат во грмушки или
џбунови. Ако имате долга коса, секогаш
носете мрежичка за коса!
Неопходно е да се носи заштитен шлем
секогаш кога се работи со моторната
пила. Заштитниот шлем мора редовно
да се проверува дали има некакво
оштетување и мора да се заменува
најдоцна на секои 5 години. Користете
само одобрени заштитни шлемови.
80 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Uc003gUc004gUc006g

Table of Contents