Makita DUP361 Instruction Manual page 57

Battery powered pruning shears
Hide thumbs Also See for DUP361:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
17. Бидете внимателни да не фаќате туѓи тела
меѓу сечилата. Доколку сечилата се заглавени
со туѓи тела, веднаш исклучете го алатот
и откачете ја батеријата од алатот. Потоа
извадете го туѓото тело од сечилата.
18. Никогаш немојте да ја држите гранката што
ја кастрите со слободната рака. Држете ја
слободната рака настрана од областа каде што
се изведува сечењето. Никогаш немојте да ги
допирате сечилата, тие се многу остри и може
да се исечете.
19. Не форсирајте го алатот за да сече. Може
да се лизнете и повредите или ненамерно да
исечете нешто друго.
20. Избегнувајте сечење електрични кабли што
може да се скриени.
21. Секогаш внимателно проверувајте ги
сечилата пред да работите.
22. Ракувајте со сечилата исклучително
внимателно за да избегнете исеченици или
повреда од сечилата.
23. Откачете ја батеријата од алатот по секоја
употреба и пред проверка и одржување.
24. Кога не се користи, секогаш чувајте го
алатот во неговата футрола.
Користење и грижа за алатот на батерии
1.
Избегнувајте опасни средини. Не користете
го алатот на влажни места и не изложувајте
го на дожд. Ако навлезе вода во алатот, тоа
може да го зголеми ризикот од струен удар.
2.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
3.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда или пожар.
4.
Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
5.
При случаи на злоупотреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте
контакт со неа. Ако дојде до ненамерен
контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде
во допир со очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течноста што истекла од
батеријата може да предизвика иритација или
изгореници.
6.
Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата
може да експлодира. Проверете ги
локалните прописи за можни упатства за
специјален отпад.
Не отворајте ги и не уништувајте ги
7.
батериите. Електролитот што се ослободува
е корозивен и може да предизвика
оштетување на очите или кожата. Може да е
токсичен ако се голтне.
8.
Не полнете ја батеријата на дожд или на
влажни места.
Сервисирање
1.
Вашиот електричен алат сервисирајте го
кај квалификувано лице за поправки, кое
користи само идентични резервни делови.
Така ќе бидете сигурни дека електричниот алат
и понатаму е безбеден.
2.
Следете ги упатствата за подмачкување и за
менување на додатните делови.
3.
Рачките нека бидат суви, чисти и без масло
и маснотии.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не предизвикувајте спој на касетата за
батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате касетата
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и
сл.
(3)
На изложувајте ја касетата за
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
6.
Не складирајте ги алатот и касетата за
батеријата на места каде што температурата
може да достигне или надминува 50°C.
7.
Не палете ја касетата за батеријата дури
и кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Касетата за батеријата може да
експлодира ако се стави во оган.
8.
Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9.
Не користете оштетена батерија.
57 МАКЕДОНСКИ
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dup362Dup362zDup361znDup361z

Table of Contents