Општи Упатства За Безбедност За Електричните Алати - Makita DSP600 Instruction Manual

Cordless plunge cut saw
Hide thumbs Also See for DSP600:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
безбедносни предупредувања, упатства, илустрации
и спецификации дадени со електричниот алат. Ако не
се почитуваат сите упатства наведени подолу, може да
дојде до струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања
и упатства за да може повторно
да ги прочитате.
Под терминот „електричен алат" во предупредувањата
се мисли на вашиот електричен алат кој работи на
струја (со кабел) или на батерии (безжично).
Безбедносни предупредувања за
безжичната циркуларна пила
Процедури за сечење
1.
ОПАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку
од местото каде што се сече и од сечилото.
Држете ја другата рака на помошната дршка
или на куќиштето на моторот. Ако пилата се
држи со двете раце, сечилото не може да ги исече.
2.
Не посегнувајте под работниот материјал.
Заштитникот не може да ве заштити од
сечилото под работниот материјал.
Нагодете ја дебелината на засекот со
3.
дебелината на работниот материјал. Помалку
од еден цел забец од запците на сечилото треба
да е видлив под работниот материјал.
4.
При сечење, никогаш не држете го работниот
материјал во рацете или преку ногата.
Прицврстете го работниот материјал на
стабилна површина. Важно е правилно да се
поддржува работниот материјал за сведување
на минимум на изложеноста на телото, лепење
на сечилото или губење контрола.
► Сл.1
5.
Држете го електричниот алат за изолираните
држачи кога вршите работи каде што алатот
за сечење може да дојде во допир со скриени
жици или со сопствениот кабел. Ако дојде до
допир со жица под напон, струјата може да се
пренесе до металните делови на алатот и да
предизвика струен удар на операторот.
Кога вршите отсекување, секогаш користете ја
6.
заштитната пречка или водилка со рамен раб.
Со тоа ќе се подобри прецизноста на сечењето и
ќе се намали шансата за лепење на сечилото.
7.
Секогаш користете сечила со правилна
големина и облик (дијамантски наспроти
кружни) на дупчињата за прицврстување.
Сечилата што не се совпаѓаат со монтажниот
хардвер на пилата ќе работат надвор од
центарот, предизвикувајќи губење контрола.
Прочитајте ги сите
76 МАКЕДОНСКИ
8.
Никогаш не користете оштетени или
неправилни подлошки и завртки за
сечилото. Подлошките и завртката за сечилото
се специјално дизајнирани за вашата пила, за
оптимална изведба и безбедност при работата.
Предизвикување повратен удар и придружни
предупредувања
повратен удар е ненадејна реакција на
сечилото на пилата заради негово зафаќање,
заглавување или неправилно порамнување
што предизвикува пилата неконтролирано
да се подигне нагоре и надвор од работниот
материјал кон операторот;
кога сечилото е зафатено или цврсто заглавено
со затворање на засекот, тоа запира, а
реакцијата на моторот го враќа уредот брзо
наназад кон операторот;
ако сечилото се извитка или е погрешно
порамнето во засекот, забите на задниот раб
на сечилото може да се вкопаат во горната
површина на дрвото предизвикувајќи сечилото
да се подигне над засекот и да отскокне назад
кон операторот.
Повратниот удар е резултат од неправилна употреба
на алатот и/или неправилни работни постапки
и услови и може да се избегне со преземање
соодветни мерки на претпазливост, како што е
наведено подолу.
1.
Држете го алатот цврсто со двете раце на
пилата и поставете ги рацете, така што
ќе даваат отпор на силата на повратните
удари. Поставете го телото од која било од
страните на сечилото, но не во линија со
сечилото. Пилата може да отскокне наназад
заради повратниот удар, но операторот
може да ја контролира силата на повратните
удари ако се преземат соодветните мерки на
претпазливост.
Кога сечилото ќе се заглави, или кога се
2.
прекинува сечењето заради каква било
причина, отпуштете го прекинувачот за
активирање и оставете ја пилата без да ја
движите во работниот материјал додека
сечилото не застане целосно. Не обидувајте
се да ја извадите пилата од резот или да
ја повлекувате наназад додека се движи,
инаку може да дојде до повратен удар.
Испитајте и преземете мерки за отстранување
на причините за лепење на сечилото.
3.
Кога ја рестартирате пилата во работниот
материјал, поставете го ножот за пилата
во засекот и осигурете се дека запците
на пилата не се допираат со материјалот.
Ако ножот за пилата се залепи, може да
се придвижи нагоре или да предизвика
повратен удар од работниот материјал при
рестартирање на пилата.
4.
Прицврстете ги плочите или материјалите
што се преголеми за да го намалите
ризикот од заглавување на сечилото и
повратен удар. Големи парчиња материјал
обично се виткаат од сопствената тежина.
Прицврстувачите мора да бидат поставени
под плочата од обете страни, во близина на
линијата на сечење и во близина на работ на
плочата.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dsp601Dsp600zDsp601zju

Table of Contents