Makita DGA701 Instruction Manual page 89

Cordless angle grinder
Hide thumbs Also See for DGA701:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Функција за спречување случајно
рестартирање
Алатот не стартува дури ни со монтирање на
батеријата додека го држите лостот на прекинувачот
повлечен.
За да го стартувате алатот, прво, отпуштете го
лостот на прекинувачот. Потоа, повлечете го лостот
за блокирање, а потоа, повлечете го лостот на
прекинувачот.
Електронска функција за
регулирање сила на вртење
Алатот електронски открива ситуации каде тркалото
или опремата се изложени на ризик да бидат
ограничени. Во таа ситуација, алатот автоматски
се исклучува за да спречи додатна ротација на
вретеното (не спречува повратен удар).
За да го рестартирате алатот, прво исклучете го,
отстранете ја причината за ненадејниот пад на
брзината на ротација, а потоа вклучете го.
Одлика за меко стартување
Одликата за меко стартување ја намалува почетната
реакција.
Електрична сопирачка
Електричната сопирачка се активира по
исклучување на алатот.
Сопирачката нема да работи кога ќе се исклучи
напојувањето, како при ненадејно отстранување на
батеријата додека прекинувачот е вклучен.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Местење на страничниот држач
(рачка)
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте дали
страничниот држач е наместен цврсто пред да
работите.
Завртете го страничниот држач цврсто во положбата
на алатот како што е прикажано на сликата.
► Сл.7
Ставање или вадење на
штитникот за тркалото (за
тркало со вдлабнато средиште,
повеќеделен диск, флекси-тркало,
жичена четка/тркало за абразивно
сечење, дијамантско тркало)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
тркало со вдлабнато средиште, повеќеделен
диск, флекси-тркало или тркало со жичена
четка, штитникот за тркалото треба да се
монтира на алатот, така што затворената
страна на штитникот да биде свртена кон
операторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
тркало за абразивно сечење/дијамантско
тркало, внимавајте да го користите само
специјалниот штитник конструиран за тркалата
за сечење.
(Во некои европски земји може да се користи
и обичниот штитник при користење на
дијамантските тркала. Почитувајте ги прописите
во земјата.)
За алат со штитник за тркалото со
завртка
Монтирајте го штитникот за тркалото со
испакнатините на лентата на штитникот за тркалото
порамнета со жлебовите на кутијата на лежиштето.
Потоа, свртете го штитникот на тркалото до агол
што ќе го заштити операторот зависно од работата.
Цврсто стегнете ја завртката.
За да го извадите штитникот, следете ја постапката
за местење по обратен редослед.
► Сл.8: 1. Штитник за тркало 2. Склоп со лагери
3. Завртка
За алати со штитник за тркалото со
рачка за стегање
Олабавете ја навртката и потоа повлечете го лостот
во насока на стрелката.
► Сл.9: 1. Навртка 2. Рачка
Монтирајте го штитникот за тркалото со
испакнатината на лентата на штитникот за тркалото
порамнета со жлебовите на кутијата на лежиштето.
Потоа свртете го штитникот до агол што ќе го
заштити операторот зависно од работата.
► Сл.10: 1. Штитник за тркало 2. Склоп со лагери
► Сл.11: 1. Штитник за тркало
Затворете го лостот во насока на стрелката. Потоа
прицврстете го штитникот за тркалото стегнувајќи
ја навртката. Внимавајте доволно да ја затегнете
навртката. Аголот за поставување на штитникот за
тркалото може да се нагоди со отворање на лостот.
► Сл.12: 1. Рачка 2. Навртка
За да го извадите штитникот, следете ја постапката
за местење по обратен редослед.
89 МАКЕДОНСКИ
Кога користите
Кога користите

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dga901Dga901zku2Dga901t2u2

Table of Contents