Makita JV103D Instruction Manual page 52

Hide thumbs Also See for JV103D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Уред против распукување
Опционален додаток
ВНИМАНИЕ:
Уредот против распукување
не може да се користи кога се прават коси
пресеци.
► Сл.27: 1. Основа 2. Уред против распукување
Може да се користи уред против распукување за
нераспукани засеци. За да го монтирате уредот против
распукување, поместете ја основата целосно нанапред
и наместете го уредот одзади на основата на алатот.
Кога ја користите покривната плоча, монтирајте го
уредот против распукување на неа.
Покривна плоча
Опционален додаток
► Сл.28: 1. Покривна плоча 2. Основа
Кога сечете декоративни фурнири, пластика
итн., користете ја покривната плоча. Ги штити
чувствителните или нежните површини од оштетување.
Поставете ја на задниот дел од основата на алатот.
Комплет адаптер за шината-водилка
Опционален додаток
Кога сечете паралелна и еднолична широчина или
сечете право, користењето на шината-водилка и
адаптерот за шината-водилка ќе осигури правење
брзи и прецизни пресеци. За да го монтирате
адаптерот за шината водилка, ставете го линијарот
во квадратниот отвор на основата докрај.
Прицврстете ја навртката со имбус-клучот.
► Сл.29: 1. Имбус-клуч 2. Линијар
Вметнете го линијарот во квадратниот отвор на
адаптерот за шината-водилка и цврсто прицврстете
го шрафот. Поставете го адаптерот за шината-
водилка на шината-водилка.
► Сл.30: 1. Адаптер за шина-водилка 2. Шина-
водилка 3. Шраф
ЗАБЕЛЕШКА:
Секогаш користете ножеви B-8,
B-13, B-16, B-17 или 58 кога се користи шината-
водилка и адаптерот за шината-водилка.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Ножеви на убодната пила
Имбус-клуч 3
Комплет лизгачка основа (насочна шипка)
Комплет адаптер за шината-водилка
Уред против распукување
Црево (за правосмукалка)
Покривна плоча
Смукалка за прав
Капак за прав
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
52 МАКЕДОНСКИ
Овој прибор или додатоци

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents