Makita JV103D Instruction Manual page 49

Hide thumbs Also See for JV103D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вклучување
За да го вклучите алатот, притиснете го копчето за
заклучување/отклучување. Алатот преминува во режим на
готовност. За вклучување на алатот, едноставно повлечете
го прекинувачот за стартување во режим на готовност.
За да го запрете алатот, отпуштете го прекинувачот за
стартување. Алатот преминува во режим на готовност.
За да го исклучите алатот, притиснете го копчето за
заклучување/отклучување во режимот на готовност.
За континуирано работење, повлечете го прекинувачот за
стартување во режим на готовност и потоа притиснете го
копчето за заклучување. За да го запрете алатот, целосно
повлечете го прекинувачот за стартување и потоа отпуштете го.
► Сл.4: 1. Копче за заклучување/отклучување 2. Копче
за заклучување 3. Прекинувач за стартување
НАПОМЕНА: Ако алатот се остави 10 секунди без
да се работи со него во режим на готовност, тој
автоматски ќе исклучи, а ламбата ќе се изгаси.
НАПОМЕНА: Копчето за заклучување/
отклучување не е достапно додека алатот работи.
Вклучување на предната ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
За да ја вклучите ламбата, притиснете го копчето за
заклучување/отклучување. За да ја исклучите ламбата,
повторно притиснете го копчето за заклучување/отклучување.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога алатот е прегреан,
ламбата трепка. Целосно оладете го алатот
пред повторно да работите со него.
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Бирач за нагодување на брзината
► Сл.5: 1. Бирач за нагодување на брзината
Брзината на алатот може да се нагодува со вртење
на бирачот за нагодување на брзината. Највисоката
брзина е на 5, а најниската на 1.
Видете ја табелата за да ја изберете соодветната брзина
за материјалот што ќе се сече. Сепак, соодветната
брзина може да се менува во зависност од видот или
дебелината на материјалот. Главно, поголемите брзини
дозволуваат да го сечете материјалот побрзо, но ќе се
намали времето на сервисирање на ножот.
Работен материјал
Дрво
Мек јаглероден челик
Нерѓосувачки челик
Алуминиум
Пластика
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога ја менувате брзината
на бирачот од „5" на „1", свртете го бирачот
налево. Не вртете го бирачот надесно со сила.
Број
4 - 5
3 - 5
3 - 4
3 - 5
1 - 4
Електронска функција
За полесно работење, алатот е опремен со
електронски функции.
Меко стартување
Функцијата за меко стартување го сведува
почетниот удар на минимум и овозможува
алатот да се стартува глатко.
Мека ротација без оптоварување
За намалување на вибрациите и едноставно
порамнување на ножот на убодната пила со
линијата за сечење, алатот автоматски ја
намалува брзината на ротација додека не
започне да го сече работниот материјал, кога
бирачот за нагодување на брзината е поставен
на 2 или повеќе. Штом алатот ќе почне да го
сече работниот материјал, брзината на алатот
ќе ја достигне претходно поставената брзина
и ќе ја одржува таа брзина додека алатот не
запре.
НАПОМЕНА: Кога температурата е ниска,
функцијава може да не е достапна.
Оневозможување на функцијата за
мека ротација без оптоварување
За да ја оневозможите функцијата за мека ротација
без оптоварување, следете ги чекорите опишани
подолу.
1.
Проверете дали алатот е исклучен.
2.
Поставете го бирачот за нагодување на
брзината на „1".
3.
Притиснете го копчето за заклучување/
отклучување за да го вклучите алатот.
4.
Поставете го бирачот за нагодување на
брзината на „5" свртувајќи го, а потоа поставете го
на „1" свртувајќи го назад.
Ламбата трепнува двапати за да укаже дека
функцијата за мека ротација без оптоварување
е оневозможена. За повторно да ја овозможите
функцијата, повторно извршете ја истата постапка.
НАПОМЕНА: Доколку функцијата за мека ротација
без оптоварување е оневозможена, ламбата
трепнува двапати кога алатот е вклучен.
НАПОМЕНА: Функцијата за мека ротација без
оптоварување исто така може да ја оневозможите
или овозможите со менување на бирачот за
нагодување на брзината од „5" на „1" и негово
менување од „1" до „5".
49 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents