Makita DUB361 Instruction Manual page 33

Cordless blower
Hide thumbs Also See for DUB361:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вклучување
► Сл.5: 1. Копче HIGH/LOW 2. Копче OFF
За да го стартувате алатот, едноставно притиснете
го копчето „HIGH/LOW" (високо/ниско). За
исклучување, притиснете го копчето „OFF"
(исклучување). За да ја промените брзината на
алатот, притиснете го копчето „HIGH/LOW" (високо/
ниско). Првото притиснување на ова копче е за
висока брзина, а второто притискање за ниска
бризна, а потоа, секое наредно притискање на ова
копче, наизменично го повторува кругот висока/
ниска брзина.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или проверка
на алатот, секогаш проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или вадење на
долгиот распрскувач
► Сл.6: 1. Кука 2. Копче 3. Долг распрскувач
За да го монтирате долгиот распрскувач, турнете го
во излезот за дување на дувалката до крај.
► Сл.7: 1. Копче
За да го извадите долгиот распрскувач, притиснете
ги двете копчиња на него, и додека ги држите
притиснати, повлечете го нанадвор.
Монтирање на ремен за рамо
► Сл.8: 1. Закачалка
Повлечете ја закачалката нанадвор од алатот.
Закачете го ременот за рамо на закачалката на
алатот.
Пред употребата, прилагодете ја должината на
ременот така што да може лесно да се работи со
него.
РАБОТЕЊЕ
Дување
► Сл.9
Цврсто држете ја дувалката со раката и извршувајте
го дувањето полека движејќи ја наоколу.
Кога вршите дување околу зграда, голема карпа или
возило, насочете го распрскувачот настрана од нив.
Кога извршувате работна операција во ќош,
започнете од ќошот и движете се кон пошироката
област.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
секогаш проверувајте дали алатот е исклучен
и батеријата е извадена.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Чистење
► Сл.10
Од време на време, бришете ја надворешноста на
алатот со крпа натопена во насапунета вода.
Замена на јагленските четкички
► Сл.11: 1. Гранична ознака
Редовно вадете ги и проверувајте ги јагленските
четкички. Заменете ги кога ќе се истрошат до
граничната ознака. Одржувајте ги четкичките
чисти за да влегуваат во држачите непречено.
Двете јагленски четкички треба да се заменат
истовремено. Користете само идентични јагленски
четкички.
► Сл.12: 1. Одвртка 2. Капаче на држач на
четкичка
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките
со одвртка. Извадете ги истрошените јагленски
честички, ставете ги новите и стегнете ги
капачињата на држачите.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат
за користење со алатот од Makita дефиниран
во упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Оригинална батерија и полнач Makita
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се вклучени
со алатот како стандарден прибор. Тоа може
да се разликува од земја до земја.
33 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents