Makita DUB361 Instruction Manual page 32

Cordless blower
Hide thumbs Also See for DUB361:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое прилагодување или проверка
на алатот, проверувајте дали е исклучен и
батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
батеријата
► Сл.1: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Батерија
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го алатот пред
ставањето или вадењето на батеријата.
Држете ги алатот и батеријата цврсто кога
ја монтирате или отстранувате батеријата.
Доколку не ги држите цврсто алатот и батеријата,
тоа може да доведе до нивно лизнување од
вашите раце и да резултира со оштетување на
алатот и на батеријата, како и со телесни повреди.
За да ја извадите батеријата, повлечете ја од алатот додека
го лизгате копчето на предната страна на батеријата.
За да ја монтирате батеријата, порамнете го
јазичето на батеријата со жлебот во куќиштето и
турнете ја да застане во место. Вметнете ја до крај
додека не се заклучи во место при што ќе се слушне
мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја батеријата целосно
додека црвениот индикатор не се изгасне.
Во спротивно, може случајно да испадне од
алатот, со тоа предизвикувајќи повреда вам
или некому околу вас.
Немојте да ја монтирате батеријата на сила.
Ако батеријата не може да се лизне лесно,
тоа значи дека не е поставена правилно.
НАПОМЕНА:
Алатот не работи само со една батерија.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата.
Алатот автоматски ќе застане за време на работењето ако
алатот или батеријата се поставени под еден од следниве
услови: Во некои услови, индикаторите ќе се вклучат.
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот се работи на начин што предизвикува
да повлекува прекумерно висока струја, алатот
автоматски се исклучува без никаква индикација.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и запрете
со примената која предизвикала алатот да се
преоптовари. Потоа, повторно вклучете го алатот.
Заштита од презагревање на
батеријата
Кога батеријата е презагреана, алатот автоматски
запира без никаква индикација. Алатот не стартува
дури и кога ќе се повлече прекинувачот. Во оваа
ситуација, оставете ја батеријата да се олади пред
повторно да го вклучите алатот.
НАПОМЕНА: Заштитата на батеријата од
прегревање работи само со батерија со ознака
ѕвезда.
► Сл.2: 1. Ознака со ѕвезда
Заштита од прекумерно празнење
► Сл.3: 1. Индикатор за батерија
Кога преостанатиот капацитет на батеријата падне
на ниско ниво, индикаторот за батеријата почнува
да трепка на соодветната страна од батеријата. Со
натамошна употреба, алатот запира и индикаторот
за батеријата се вклучува и останува вклучен
околу 10 секунди. Во оваа ситуација, наполнете ја
батеријата.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.4: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
32 МАКЕДОНСКИ
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents