GGP ITALY SPA E300 Operator's Manual page 114

Pedestrian-controlled walk-behind electrically powered lawn mower
Hide thumbs Also See for E300:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 56
Фиксирајте го горниот дел на рачката (5) за задните дело-
ви меѓу ракофатите (8) и доставените навртки како што е 
прикажано користејќи еден од двата предвидени отвори 
за прилагодување на висината на рачката според става-
та на операторот.
Порамнете  ги  запците  на  прекинувачот  (9)  со  водил-
ката  на  потпората  (10)  и  придвижете  го  прекинувачот 
(9)  во  правецот  што  го  покажуваат  стрелките  докрај 
обезбедувајќи стабилност при составувањето. 
Поставете  ја  стегалката  за  кабелот  (11)  во  прикажаната 
позиција и приклучете го кабелот (12).
1.1b Монтирање на рачката (Тип „II")
Поставете  ги  долниот  десен  (1)  и  лев  (2)  дел  на  рачката 
врз  навртките  (3а)  коишто  излегуваат  од  куќиштето  и 
фиксирајте ги со доставените ракофати (3).
Поставете ја стегалката за кабелот (4) во горниот дел на 
рачката (5) на посочената позиција и фиксирајте ја со до-
ставените шрафови (6) и навртки (7).
Фиксирајте го горниот дел на рачката (5) за задните дело-
ви меѓу ракофатите (8) и доставените навртки како што е 
прикажано користејќи еден од двата предвидени отвори 
за прилагодување на висината на рачката според става-
та на операторот.
Порамнете  ги  запците  на  прекинувачот  (9)  со  водил-
ката  на  потпората  (10)  и  придвижете  го  прекинувачот 
(9)  во  правецот  што  го  покажуваат  стрелките  докрај 
обезбедувајќи стабилност при составувањето. 
Поставете  ја  стегалката  за  кабелот  (11)  во  прикажаната 
позиција и приклучете го кабелот (12).
1.2. Монтирање на вреќата за собирање (Тип „I"
и „II")
Монтирајте  ја  дршката  (1)  на  горниот  дел  од  вреќата 
за  собирање  (2)  и  вметнете  ја  на  соодветните  места  со 
кликнување.
Ставете  го  продолжетокот  (3)  врз  основата  од  задната 
страна на вреќата за собирање (4) и вметнете ја на соод-
ветните места со кликнување.
Монтирајте ги двата дела (2) и (4) внимавајќи да ги вмет-
нете докрај куките во лежиштата со кликнување. 
2. ОПИС НА КОМАНДИТЕ
ЗАБЕЛЕШКА значењето на дадените симболи за ко-
мандите е објаснето на претходните страници.
2.1 Двостепен прекинувач
Моторот се вклучува со помош на двостепен прекинувач 
за да се избегне случајно придвижување. 
За вклучување, притиснете го копчето (2) и повлечете ја 
рачката (1).
ВНИМАНИЕ!
Палењето на моторот предизвику-
ва истовремено активирање на уредот со сечивото.
Моторот автоматски се гаси со пуштање на рачката (1).
Регулација на висината
2.2
на косењето
За  да  ја  регулирате  висината  на  косењето,  закосете  ја 
машината на страна и поставете ги оските на тркалата на 
еден од трите предвидени запци од внатрешната страна 
на куќиштето, 
Висината треба да биде иста за двете оски.
ИЗВРШУВАЊЕ  НА  РАБОТИТЕ  СО  ЗАСТАНАТ  УРЕД  ЗА 
КОСЕЊЕ.
3. КОСЕЊЕ ТРЕВА
ЗАБЕЛЕШКА оваа машина дозволува косење на
тревникот на различни начини. Пред да започнете со
работа, потребно е да ја поставите машината во праве-
цот како што имате намера да косите. ИЗВЕДУВАЈТЕ ЈА
ОПЕРАЦИЈАТА КОГА МОТОРОТ Е ИЗГАСНАТ.
3.1 Поставување за косење и собирање на тре-
вата во вреќата за собирање
Подигнете  ја  заштитата  за  заден  испуст  (1)  и  прикачете 
ја  правилно  вреќата  за  собирање  (2)  како  што  е  посоче-
но на сликата.
3.2 Палење
Закачете го продолжниот кабел правилно како што е по-
сочено.
За  вклучување  на  моторот,  притиснете  го  безбедносно-
то копче (2) и повлечете ја рачката (1) на прекинувачот.
3.3 Косење трева
При косење, ел. кабел треба секогаш да се наоѓа одзади 
и на веќе покосениот терен.
Изгледот на тревникот ќе има поубав изглед ако косењето 
се изведува секогаш на иста висина и наизменично во два 
правци.
Кога  вреќата  за  собирање  трева  ќе  се  наполни, 
собирањето  нема  да  биде  ефикасно  и  звукот  на  маши-
ната се менува.
За да ја извадите и испразните вреќата за собирање: 
–    п уштете  ја  рачката  на  прекинувачот  и  почекајте  да  се 
смири уредот со сечивото,
–    п одигнете  ја  заштитата  за  заден  испуст,  зафатете  ги 
ракофатите и извадете ја вреќата за собирање држејќи 
ја исправено.
Совети за третман на тревникот
Секој  вид  на  присутна  трева  има  различни  карактери-
стики  и  може  да  бара  различни  режими  на  косење  на 
тревникот. Прочитајте ги секогаш упатствата што се сод-
ржани на пакувањето на семето во однос на висината на 
косење во однос на условите на растење во пределот ка-
де е посадена.
Треба да се трудите поголемиот дел од тревата да е од ист 
вид и со едно или повеќе видови ливчиња. Ако ливчињата 
се  покосат  целосно,  се  оштетува  тревникот  и  идното 
косење ќе биде многу тешко.
Генерално, вреди да се следат следните упатства:
–    м ногу  ниско  косење  предизвикува  корнење  и 
проретчување на тревната површина со што останува-
ат „голи места",
–    н а лето, косењето треба да е највисоко за да се избегне 
исушување на теренот,
–    н е косете ја тревата кога е наводнувана. Тоа може да ја 
намали ефикасноста на уредот со сечивото врз трева-
та бидејќи ќе се лепи и ќе предизвика заглавување со 
залепена трева,
–    в о случај на делумно израсната трева, најдобро е прво 
5

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

E320E380Bl 380e223525

Table of Contents