Makita DTW700 Instruction Manual page 53

Hide thumbs Also See for DTW700:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Алатот автоматски запира ако го држите
прекинувачот за стартување повлечен околу 6 минути.
НАПОМЕНА: Кога е вклучен режимот на полна брзина,
брзината на ротацијата станува најголема, дури и ако не
го повлечете целосно прекинувачот за стартување.
За детални информации, погледнете го делот за
режим на полна брзина.
Вклучување на предната ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
► Сл.4: 1. Ламба
► Сл.5: 1. Копче
За да го вклучите статусот на светилката,
притиснете го копчето
го исклучите статусот на светилката, повторно
притиснете го копчето
Со статусот на светилката поставен на ON (ВКЛУЧЕНО),
повлечете го прекинувачот за да ја вклучите светилката.
За да ја исклучите, отпуштете го. Светилката ќе се исклучи
приближно 10 секунди по отпуштањето на прекинувачот.
Со статусот на светилката поставен на OFF
(ИСКЛУЧЕНО), светилката не се вклучува дури ни
кога ќе го повлечете прекинувачот.
НАПОМЕНА: За да го потврдите статусот
на светилката, повлечете го прекинувачот.
Кога светилката светнува со повлекување на
прекинувачот, нејзиниот статус е ON (ВКЛУЧЕН).
Кога светилката не се вклучува, нејзиниот статус е
OFF (ИСКЛУЧЕН).
НАПОМЕНА: Кога алатот е прегреан, светилката
свети една минута, а потоа LED-дисплејот се
исклучува. Во ваков случај, оладете го алатот
пред повторно да продолжите со работа.
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
НАПОМЕНА: Кога го повлекувате прекинувачот,
статусот на светилката не може да се промени.
НАПОМЕНА: Околу 10 секунди по отпуштање на
прекинувачот, статусот на светилката може да се
промени.
Прекинувач за обратна акција
► Сл.6: 1. Рачка на прекинувачот за обратна акција
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте ја
насоката на ротација пред работата.
ВНИМАНИЕ:
Користете го прекинувачот за
обратна акција само откако алатот целосно ќе
запре. Променувањето на насоката на ротација
пред алатот целосно да застане може да го
оштети алатот.
ВНИМАНИЕ:
Кога не работите со алатот,
секогаш поставувајте го прекинувачот за
обратна акција во неутрална положба.
една секунда. За да
една секунда.
Овој алат има прекинувач за обратна акција за
променување на насоката на ротација. Отпуштете
го прекинувачот за обратна акција од страна А за
ротација во насока на стрелките на часовникот или
од страна B за ротација во насока спротивна од
стрелките на часовникот.
Кога рачката на прекинувачот за обратна акција е во
неутрална положба, прекинувачот за вклучување не
може да се повлече.
53 МАКЕДОНСКИ

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dtw701

Table of Contents