Makita HS003G Instruction Manual page 80

Hide thumbs Also See for HS003G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
2.
Кога сечилото ќе се заглави, или кога се прекинува
сечењето заради каква било причина, отпуштете го
прекинувачот за активирање и оставете ја пилата
без да ја движите во работниот материјал додека
сечилото не застане целосно. Не обидувајте се да
ја извадите пилата од резот или да ја повлекувате
наназад додека се движи, инаку може да дојде
до повратен удар. Испитајте и преземете мерки за
отстранување на причините за лепење на сечилото.
3.
Кога ја рестартирате пилата во работниот
материјал, поставете го ножот за пилата во
засекот и осигурете се дека запците на пилата
не се допираат со материјалот. Ако ножот за
пилата се залепи, може да се придвижи нагоре
или да предизвика повратен удар од работниот
материјал при рестартирање на пилата.
4.
Прицврстете ги плочите или материјалите што
се преголеми за да го намалите ризикот од
заглавување на сечилото и повратен удар. Големи
парчиња материјал обично се виткаат од сопствената
тежина. Прицврстувачите мора да бидат поставени
под плочата од обете страни, во близина на линијата
на сечење и во близина на работ на плочата.
► Сл.2
► Сл.3
Не користете истапени или оштетени сечила.
5.
Ненаострените или неправилно поставените сечила
создаваат тесен засек со тоа создавајќи прекумерно
триење, лепење на сечилото и повратен удар.
6.
Дебелината на сечилото и рачките за
нагодување и блокирање на косината мора да
бидат добро прицврстени и обезбедени пред
да се пристапи кон сечење. Ако нагодувањето на
сечилото се менува за време на сечењето, може да
дојде до лепење на сечилото и повратен удар.
Бидете многу внимателни кога сечете во
7.
постоечки ѕидови или други слепи области.
Сечилото што стрчи може да засече предмети
што може да предизвикаат повратен удар.
8.
СЕКОГАШ цврсто држете го алатот со двете
раце. НИКОГАШ не ставајте ја дланката, ногата
или дел од телото под основата на алатот или
зад пилата, особено кога правите паралелни
засеци. Ако дојде до повратен удар, пилата може
лесно да отскокне наназад преку вашата рака што
може да доведе до тешка телесна повреда.
► Сл.4
9.
Никогаш не туркајте ја пилата со прекумерна сила.
Туркајте ја пилата нанапред со брзина при која
сечилото сече без забавување. Ако ја туркате пилата
со прекумерна сила, може да дојде до нерамни засеци,
губење на прецизноста и можен повратен удар.
Функција на заштитникот
Проверувајте дали долниот заштитник е затворен
1.
правилно пред секоја употреба. Не ракувајте
со пилата ако долниот заштитник не се движи
слободно и не се затвори веднаш. Никогаш
немојте да го пристегнувате или заврзувате
долниот заштитник во отворена положба. Ако
пилата ненадејно падне, долниот заштитник може
да се свитка. Подигнете го долниот заштитник со
повлекување на дршката и осигурете се дека се
движи слободно и не го допира сечилото или некој
друг дел, во сите агли и дебелини на сечењето.
2.
Проверете дали работи пружината на долниот
заштитник. Ако заштитникот и пружината не
работат правилно, тие мора да се сервисираат
пред да се користат. Долниот заштитник може да
работи бавно заради оштетени делови, лепливи
наслаги или насобран отпаден материјал.
3.
Долниот заштитник може да се повлече рачно само
за специјални засеци како што се „потопни засеци" и
„сложени засеци". Подигнете го долниот заштитник
со повлекување на рачката и штом сечилото ќе
навлезе во материјалот, долниот заштитник мора
да се отпушти. За сите други видови сечење, долниот
заштитник треба да работи автоматски.
Секогаш внимавајте долниот заштитник да го
4.
покрива сечилото пред да ја поставите пилата
на масата или на подот. Незаштитеното сечило ќе
предизвика пилата да се придвижи наназад, сечејќи сè
што е на патот. Имајте го предвид времето потребно за
сечилото да запре откако прекинувачот ќе се отпушти.
За да го проверите долниот заштитник, отворете
5.
го рачно, потоа отпуштете го и набљудувајте како
се затвара. Исто така, уверете се дека рачката при
повлекувањето не го допира куќиштето на алатот.
Оставањето на сечилото незаштитено е МНОГУ
ОПАСНО и може да доведе до тешка телесна повреда.
Дополнителни безбедносни предупредувања
1.
Особено бидете внимателни кога сечете влажно
дрво, дрвени материјали обработувани под
притисок или дрва со глуждови. Одржувајте
лесно напредување со алатот без намалување
на брзината на сечилото за да избегнете
презагревање на врвовите на сечилото.
Не обидувајте се да го тргнете работниот
2.
материјал додека сечилото е во движење.
Почекајте сечилото да запре пред да го
фатите исечениот материјал. Тркалото
запира постепено откако ќе се исклучи.
Избегнувајте сечење шајки. Проверете
3.
и извадете ги сите шајки од дрвените
елементи пред сечењето.
4.
Поставете го поширокиот дел на основата на
пилата врз оној дел на работниот материјал
кој е стабилно прицврстен, а не врз делот
кој ќе отпадне откако ќе се изврши сечењето.
Ако работниот материјал е краток или мал,
прицврстете го со стега. НЕ ОБИДУВАЈТЕ СЕ
ДА ГИ ДРЖИТЕ КРАТКИТЕ ПАРЧИЊА СО РАКА!
► Сл.5
5.
Пред да го спуштите алатот по завршувањето
на сечењето, осигурете се дека заштитникот
се затворил и сечилото целосно запрело.
6.
Никогаш не обидувајте се да сечете со
циркуларната пила превртена наопаку,
прицврстена со менгеме. Тоа е многу опасно
и може да доведе до сериозни несреќи.
► Сл.6
7.
Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете ги
упатствата од производителот на материјалот.
8.
Не сопирајте ги сечилата со латерален
притисок врз сечилото на пилата.
9.
Не користете никакви абразивни тркала.
80 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents