Skil 7520 Original Instructions Manual page 141

Drywall sander
Table of Contents

Advertisement

деловите се скршени или оштетени до таа мерка
што не може да се обезбеди функционирање на
уредот. Пред примената, овие оштетени делови
треба да се поправат. Причина за многу незгоди е
лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата
ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и
на начин кој е опишан за соодветниот тип на
уред. При тоа, земете ги предвид работните
услови и работата која се извршува. Употребата
на електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА СТРУГАЧИТЕ НА СУВИ
ЅИДОВИ
1) БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ОПЕРАЦИИ СО ПЕСКАРЕЊЕ
a) Овој електричен прибор може да се употребува
како стругало со шмиргл хартија. Обрнете
внимание на сите предупредувања, упатства,
прикази и податоци, кои ги добивате со
електричниот прибор. Ако не обрнувате внимание
на следните упатства, може да дојде електричен
удар, пожар/или тешки повреди.
b) Овој алат на струја не е наменет за работи
за мелење, чистење со четка, полирање
или сечење. Работите за кои овој алат не е
наменет може да создадат ризични состојби и да
предизвикаат лични повреди.
c) Не користете прибор кој не е специјално
предвиден и препорачан од произведувачот за
овој електричен прибор. Само затоа што приборот
можете да го прицврстите на Вашиот електричен
алат не гарантира безбедна употреба.
d) Дозволениот број на вртежи на употребениот
прибор мора да биде најмалку голем, колку и
наведените најголеми вртежи на електричниот
прибор. Приборот кој се врти побрзо од
дозволеното, може да се уништи.
e) Надворешниот пресек и дебелина на
употребениот прибор мора да соодветствуваат
на мерните податоци на Вашиот електричен
прибор. Погрешно измерениот применет прибор не
може доволно да се заштити и контролира.
f) Поставувањето на дополнителната опрема со
протнување мора да се совпаѓа со нишката
на ободот на брусилката. Кај дополнителната
опрема што се поставува со крилца, целиот
отвор на опремата мора да се вклопува во
дијаметарот на крилцето каде што ќе се постави.
Дополнителната опрема којашто не соодветствува на
елементот за поставување кај алатот нема да работи
рамномерно, ќе вибрира прекумерно и може да
предизвика да ја загубите контролата.
g) Не користете оштетени, употребувани
прибори. Пред секое користење проверете ги
употребуваните прибори дали се засечени или
напукнати, напукнатите дискови за стругање,
излижаните или многу изабените, челичните
четки - дали имаат слободни или скршени
жици. Ако електричниот или употребуваниот
прибор падне долу, проверете дали дали е
оштетен или користите неоштетен прибор. Ако
земениот прибор сте го провериле и употребиле,
постапете како лице кое е во позиција на
неупотребуван прибор и пуштете го една минута
да работи на најголем број вртежи. Оштетениот
веќе употребуван прибор воглавно во ова време на
проба се крши.
h) Носете лична заштитна опрема 5 . Користете
во зависност од намената заштита за цело
лице, штитници за очи или заштитни очила.
Ако соодветствува носете маска за прашина,
штитник за уши, заштитни чевли или специјална
престилка, која малите честички од стругањето
ќе ги држи подалеку од Вас. Очите мора да бидат
заштитени од страни тела кои летаат наоколу, кои
настануваат кај разни употреби. Маската за прашина
и маската за дишење мора да ја филтрираат правта
која настанува при употребата. Доколку сте долго
изложени на врева, можете да го изгубите слухот.
i)
Внимавајте други лица да се на безбедно
растојание од Вашето работно подрачје. Секој,
кој влегува во работното пордачје, мора да
носи лична заштитна опрема. Скршени делови
на работното парче или скршен употребен прибор
можат да одлетаат и да предизвикаат повреди и
надвор од директното работно подрачје.
j)
Држете го алатот за изолираните површини
за зафаќање кога извршувате работа при
која што дополнителната опрема за сечење
може да дојде во контакт со сокриените жици
или со кабелот. Ако дополнителната опрема за
сечење дојде во контакт со жица под напон може
да ги електрифицира изложените метални делови
на алатот и да предизвика електричен удар на
операторот.
k) Мрежниот кабел држете го подалеку од
ротирачкиот употребен прибор. Ако изгубите
контрола над електричниот прибор, може да се
пресече мрежниот кабел и може да ја зафати
вашата рака или вашата дланка може да дојде во
електричниот прибор кој се врти.
l)
Електричниот прибор не го оставајте додека
употребениот прибор сосема не се смири.
Електричниот прибор кој се врти може да дојде во
контакт со површината за одложување, со што би
можела да се изгуби контролата над електричниот
прибор.
141

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

7520 ma

Table of Contents