Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја страницата
www.philips.com/support или прочитајте го меѓународниот гарантен лист.
Забелешка: овој апарат треба редовно да се чисти од бигор за да постигне
оптимални перформанси. Во спротивно, апаратот може да престане да работи
по одредено време. Во тој случај, вашата гаранција НЕ ја покрива поправката.
Отстранување на проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите
при користење на апаратот. Ако проблемот не можете да го решите со помош
на информациите наведени подолу, обратете се на центарот за корисничка
поддршка во вашата земја.
Проблем
Кога треба да го
отстранам бигорот
од стерилизаторот?
Зошто времето на
стерилизација е току
кратко?
Зошто останува
многу вода на
грејната плоча по
стерилизацијата?
Кога го користите стерилизаторот, може да забележите
дека на грејната плоча се појавиле мали точки со
снежно бела до кафеава боја. Тоа е знак дека треба да
го исчистите бигорот од стерилизаторот.
Во секој случај, стерилизаторот треба да се чисти
најмалку еднаш на 4 недели за да продолжи ефикасно
да работи.
Не сте додале доволно вода за стерилизација.
Сипете точно 130 ml/4,5 oz вода директно во
резервоарот за вода во подножјето.
Грејната плоча можеби е блокирана од бигор.
Стерилизаторот треба да се чисти од бигор најмалку
еднаш на 4 недели.
Погледнете го делот „Отстранување бигор".
Македонски
Решение
205