Македонски
204
4
Оставете го апаратот да работи 5 минути, а потоа исклучете го.
SCF291: притиснете го копчето за исклучување за да го исклучите
апаратот.
SCF293: притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го
исклучите апаратот.
5
Испразнете го резервоарот со вода и темелно исплакнете го. Ако сè уште
гледате траги од бигор, отстранете ги со сунѓер. Исплакнете уште еднаш и
избришете го подножјето со влажна крпа.
6
Исплакнете ги и малата корпа и капакот за да го отстраните растворот со
оцет.
Забелешка: можете да користите и средства за отстранување бигор на база
на лимонска киселина.
Забелешка: не користете други типови средства за отстранување бигор.
Нарачување додатоци
За да купите додатоци или резервни делови, посетете ја страницата
www.philips.com или контактирајте со продавачот на производи од Philips.
Можете да контактирате и со центарот за корисничка поддршка на Philips во
вашата земја (податоците за контакт ќе ги најдете во меѓународниот гарантен
лист).
Рециклирање
-
Овој симбол означува дека производот не смее да се фрла со обичниот
отпад од домаќинствата (2012/19/EU).
-
Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на
електричните и електронските производи. Правилното фрлање помага
во спречувањето на негативните последици по животната средина и
човековото здравје.
SCF291
SCF293