Bosch Professional GAS 12-25 PL Original Instructions Manual page 182

Hide thumbs Also See for Professional GAS 12-25 PL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
182 | Македонски
Напомена: Проверете дали при всисување на влажни
материи пред-филтерот (22) и главниот филтер (20) да
се извадени од всисувачот (исто така види слики D1 и
E1).
Работни чекори пред всисување на влажни материи
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел
на всисувачот (10) (види слика C).
– Извадете го пред-филтерот (22) од садот (7).
– По потреба отстранете ја пластичната ќеса (19) или
ќесата за прав.
– Свртете го држачот на филтер (28) до крај во правецот
на вртење
и извадете го држачот за филтер заедно
со главниот филтер (20) од горниот дел на всисувачот
(10).
– Целосно ставете го филтерот за влага (21) на корпата
за филтер (29).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и
затворете ги затворачите (9).
– Поставете ја гумената лента (23) во подната млазница
(25).
Всисување на течности
– Вклучете го всисувачот (прекинувач за избор на
начинот на работа (1) на ознаката „Всисување").
Всисувачот е опремен со пловка. Откако ќе се постигне
максималната висина на полнење, всисувањето ќе се
прекине.
– Прекинувачот за избор на начинот на работа (1)
поставете го на ознаката „Исклучување".
– Испразнете го садот (7).
За да се избегне создавање на мувла по всисување на
влажни материи: (види „Чистење на филтерот за влага",
Страница 183)
Автоматско чистење на филтерот
Подоцна, откако јачината на всисување ќе се намали,
мора да се активира чистењето на филтерот.
Колку често треба да се чисти филтерот зависи од видот и
количината на правта. Со редовна употреба,
максималниот капацитет подолго се задржува.
– Исклучете го всисувачот за 6–10 секунди и потоа
повторно вклучете го. Повторете го ова повеќепати.
– Пред-филтерот (22) се чисти при исклучување со
воздушен притисок.
– За работење по чистење на филтерот повторно
вклучете го всисувачот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред
u
одржувањето или чистењето на всисувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
1 609 92A 4CP | (09.11.2018)
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора
да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е
изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој
го одржува и другите лица. Пред демонтажата,
всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат
евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се
демонтира всисувачот, мора добро да биде проветрена.
За време на одржувањето носете лична заштитна
опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде
сте работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на
филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата
на уредот за контрола.
Кај всисувачите од класата L, што се користеле во
нечиста околина, треба да се исчисти надворешноста
како и сите машински делови или да се третира со
средство за дихтување. Пред да извршите какви било
поправки, сите извалкани делови што не може доволно
да се исчистат, мора да се отстранат. Ваквите делови
мора да се отстранат во непропустливи ќеси во
согласност со важечките одредби за отстранување на
ваков отпад.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Чистење на садот
– Избришете го садот(7) одвреме-навреме со
вообичаено неабразивно средство за чистење и
оставете го да се исуши.
Чистење на филтерот
Редовното празнење на садот за прав и чистењето на
филтерот гарантираат оптимален перформанс на
всисување. Доколку и понатаму не може да се постигне
истата јачина на всисување, однесете го всисувачот во
сервисната служба.
Чистење на пред-филтерот
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел
на всисувачот (10) (види слика C).
– Извадете го пред-филтерот (22) од садот (7).
– Истресете го пред-филтерот(22) над соодветен сад за
отпад.
– Вметнете го пред-филтерот (22) со стрелките во
правец на прифатот за црево (3) во садот (7).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и
затворете ги затворачите (9).
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents