Makita DGA402 Instruction Manual page 49

Cordless angle grinder
Hide thumbs Also See for DGA402:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое прилагодување или проверка
на алатот, проверувајте дали е исклучен и
батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
батеријата
► Сл.1: 1. Копче 2. Црвен индикатор 3. Батерија
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го алатот пред
ставањето или вадењето на батеријата.
Држете ги алатот и батеријата цврсто кога
ја монтирате или отстранувате батеријата.
Доколку не ги држите цврсто алатот и
батеријата, тоа може да доведе до нивно
лизнување од вашите раце и да резултира со
оштетување на алатот и на батеријата, како и
со телесни повреди.
За да ја извадите батеријата, повлечете ја од алатот додека
го лизгате копчето на предната страна на батеријата.
За да ја монтирате батеријата, порамнете го
јазичето на батеријата со жлебот во куќиштето и
турнете ја да застане во место. Вметнете ја до крај
додека не се заклучи во место при што ќе се слушне
мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја батеријата целосно
додека црвениот индикатор не се изгасне.
Во спротивно, може случајно да испадне од
алатот, со тоа предизвикувајќи повреда вам
или некому околу вас.
Немојте да ја монтирате батеријата на сила.
Ако батеријата не може да се лизне лесно,
тоа значи дека не е поставена правилно.
Систем за заштита на батеријата
Овој алат е опремен со систем за заштита на
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на батеријата.
Алатот автоматски ќе запре за време на работењето
ако алатот и/или батеријата се поставени под еден
од следниве услови:
Преоптовареност:
Со алатот се ракува на начин што
предзивикува тој да повлекува
ненормално висока електрична енергија.
Во оваа ситуација, исклучете го алатот и
запрете со примената која предизвикала
алатот да се преоптовари. Потоа, повторно
вклучете го алатот за рестартирање.
Ако алатот не стартува, батеријата е
презагреана. Во оваа ситуација, оставете
батеријата да се олади пред повторно да
го вклучите алатот.
Низок напон на батеријата:
Преостанатиот капацитет на батеријата
е пренизок и алатот нема да работи. Во
таква ситуација, извадете ја и наполнете
ја батеријата.
НАПОМЕНА: Заштитата од прегревање работи
само со батерија со ознака на ѕвезда.
► Сл.2: 1. Ознака со ѕвезда
Повеќефункционално
индикациско светло
► Сл.3: 1. Индикаторска ламбичка
Индикациските светла се лоцирани на две позиции.
Кога ќе се стави батеријата во алатот со
лизгачкиот прекинувач поставен на позицијата „O
(OFF)",индикациското светло трепери брзо околу
една секунда. Ако не трепери така, батеријата или
индикациското светло можеби се расипани.
Заштита од преоптеретување
Кога алатот е преоптоварен, светнува
индикациското светло. Кога ќе се намали
оптоварувањето на алатот, светлото се
гаси.
Ако алатот и понатаму е преоптоварен,
а индикациското светло продолжува да
се пали отприлика две секунди, алатот
застанува. Ова спречува оштетување на
моторот и со него поврзаните делови.
Во оваа ситуација, свртете го лизгачкиот
прекинувач во „O (OFF)" положба еднаш.
А потоа, повторно свртете го во „I (ON)"
позиција за рестартирање.
Сигнал за заменување на батеријата
Кога преостанатиот капацитет на
батеријата е низок, индикациското светло
светнува за време на работата порано
отколку она за капацитет на батеријата.
Функција за спречување на случајно
повторно вклучување
Дури иако батеријата е вметната во
алатот со лизгачкиот прекинувач во „I
(ON)" позиција, алатот не се вклучува. Во
оваа ситуација, светлото трепери бавно.
Тоа покажува дека функцијата за заштита
од случајно рестартирање е активна.
За да го вклучите алатот, прво излизгајте
го страничниот прекинувач кон позицијата
„O (OFF)", а потоа излизгајте ја кон
позицијата „I (ON)".
Забравник на вретеното
► Сл.4: 1. Забравник на вретеното
ВНИМАНИЕ:
Не затегнувајте го забравникот кога
вретеното се движи. Алатот може да се
оштети.
Притиснете го забравникот за да спречите вртење
на вретеното кога ставате или вадите додатоци.
49 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dga450Dga452

Table of Contents