Македонски
152
Содржина
Вовед ________________________________________________________________________________________________
Општ опис ___________________________________________________________________________________________
Предвидена намена ________________________________________________________________________________
Компатибилност_____________________________________________________________________________________
Нарачување додатоци______________________________________________________________________________
Рециклирање ________________________________________________________________________________________
Решавање проблеми _______________________________________________________________________________
Услови за чување ___________________________________________________________________________________
Технички информации______________________________________________________________________________
Вовед
Честитки за купеното и добре дојдовте во Philips Avent! За целосно да ја искористите
поддршката што ја нуди Philips Avent, регистрирајте ја вашата пумпа за измолзување на
www.philips.com/welcome.
Единечната/двојната електрична пумпа за измолзување на Philips Avent е инспирирана од
бебињата и од нивното природно движење додека смукаат. Мекото силиконско перниче ја
стимулира брадавицата со нежни масирачки движења, што ви помага удобно и ефикасно да го
измолзете млекото. Комбинацијата од смукање и стимулација на брадавицата предизвикува
брз проток на млеко. Дизајнот за ненавалување нанапред ви овозможува да седите во
опуштена, исправена положба додека измолзувате.
Здравствените работници и Светската здравствена организација го препорачуваат мајчиното
млеко како примарен извор на исхрана во првата година од животот, во комбинација со цврста
храна по првите 6 месеци. Тоа е така затоа што вашето мајчино млеко е специјално
приспособено за потребите на вашето бебе и помага да го заштитите вашето бебе од
инфекции и алергии. За да доите подолго, можете да го измолзите и чувате млекото, така што
вашето бебе ќе може да ги ужива придобивките од него, дури и ако не можете да бидете таму
за да му го дадете самата. Бидејќи пумпата е компактна, тивка и дискретна за употреба, можете
да ја понесете секаде, овозможувајќи ви да измолзите млеко кога вам ви одговара и да ја
одржувате продукцијата на млекото.
Ако со доењето нема проблеми, се препорачува (освен ако поинаку не е препорачано од
вашиот здравствен работник) да почекате додека не се воспостави продукција на млекото и
распоред на доењето (обично најмалку 2 до 4 недели после породувањето) пред да почнете со
измолзувањето.
152
153
153
153
156
159
166
168
168
169
169
169
170
171
171
171
172