Поставка За Надворешен Статички Притисок - Carrier 42QSS009DS Installation Manual

Duct type air conditioner
Hide thumbs Also See for 42QSS009DS:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
5. ЖИЧЕНА ИНСТАЛАЦИЈА
5.3 Поставка за надворешен статички притисок.
Може да ја користите функцијата на уредот за автоматско приспособување на протокот на воздух за да го поставите
надворешниот статички притисок.
Автоматското приспособување на протокот на воздух е волуменот на издувниот воздух којшто автоматски е приспособен
на номиналното количество.
1. Погрижете се пробното работење да се изврши со сув конвектор. Ако конвекторот не е сув, пуштете ја единицата
2 часа во режимот FAN ONLY за да се исуши конвекторот.
2. Проверете дали е завршена монтажата на жиците за напојување и каналот.
Проверете дали некој од вентилите за стопирање е отворен.
Проверете дали воздушниот филтер е правилно прикачен на страничниот канал за влез на воздух на единицата.
3. Ако има повеќе од еден влез и излез за воздух, приспособете ги вентилите така што стапката на проток на воздух
на секој од влезовите и излезите за воздух да биде во согласност со предвидената стапка на проток на воздух.
Проверете дали единицата е во режимот FAN ONLY. Притиснете го копчето за приспособување на протокот за воздух
за да ја смените стапката на проток на воздух од H до L.
4. Поставете ги параметрите за автоматско приспособување на протокот на воздух.
Опција 1. Користење на жичениот управувач. Исклучете го клима уредот за да влезете во режим на мирување
и извршете ги следниве чекори:
- Притиснете „COPY".
- Притиснете „+" или „-" за да изберете AF.
- Притиснете „CONFIRM". Клима уредот тогаш
ќе го вклучи вентилаторот за автоматско
приспособување на протокот на воздух.
Опција 2. Користење на далечинскиот управувач. Исклучете го клима уредот за да влезете во режим на мирување
и извршете ги следниве чекори:
- Извадете ги и повторно ставете ги батериите од далечинскиот управувач.
- Во почетните 30 секунди притиснете на „∧" и „Режим" во текот на 5 секунди и далечинскиот ќе прикаже „F1".
- Притиснете „+" или „-" за да изберете „d4".
- Притиснете на "Режим" на далечинскиот управувач и клима уредот потоа ќе го вклучи фенот заради автоматско
прилагодување на протокот на воздух. 3 LEDs на таблата на екранот ќе засветкаат за време на прилагодувањето.
5. По 3 до 6 минути, клима уредот ќе прекине да работи штом заврши автоматското приспособување на протокот на воздух.
6. Извадете ги и повторно ставете ги батериите од далечинскиот управувач за нормална употреба.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
■ НЕ приспособувајте ги вентилите кога автоматското приспособување на протокот на воздух е активно.
■ Ако нема промена во патеките за вентилација после приспособувањето на протокот на воздух, ресетирајте
го автоматското приспособување на протокот на воздух.
■ Ако нема промена во патеките за вентилација после приспособувањето на протокот на воздух, контактирајте
со вашиот трговец, особено ако ова се случи после тестирањето на надворешната единица или ако единицата
е преместувана на различна локација.
■ Не користете автоматското приспособување на протокот на воздух, ако користите додатен вентилатор,
надворешна единица за обработка на воздух, климатизација преку канал.
■ Ако патеките за вентилација се сменети, ресетирајте го автоматското приспособување на протокот на воздух
како што е опишано од чекор 3 и натаму.
ON ќе трепка кога вентилаторот
е вклучен за време на автоматското
приспособување на протокот на воздух.
МК-20

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

42qss012ds42qss018ds42qss024ds42qss024r8s42qss030ds42qss036ds ... Show all

Table of Contents