Download Print this page

Упатство За Користење Victorinox Swiss Army; Општи Информации; Непропустливост На Течност - Victorinox Chrono Classic XLS MT Instructions For Use Manual

Hide thumbs Also See for Chrono Classic XLS MT:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Ви честитаме на изборот на Вашиот часовник Victorinox Swiss Army. За Вашиот
часовник да може да работи на оптимален начин, Ви препорачуваме внимателно да
се придржувате кон советите содржани во ова упатство за користење.
Вашиот часовник е опремен со зашрафен или со обичен винт. За да проверите,
обидете се внимателно да го извлечете винтот во положба 2: доколку е тоа можно,
Вашиот часовник е опремен со обичен винт. Во спротивен случај, со палецот и пока-
залецот лесно притиснете врз винтот и вртете го кон Вас за да го ослободите.
Доколку е тоа можно, се работи за зашрафен винт.
По користењето турнете го или зашрафете го винтот до крај за Вашиот
часовник повторно да стане непропустлив на течност.
Кварцните часовници работат на батерија. Кога таа ќе се потроши, Ви препорачу-
ваме веднаш да ја замените кај одобрен сервисер на Victorinox Swiss Army кој истов-
ремено ќа ја провери непропустливоста на течност на Вашиот часовник. Г аранцијата
не ја покрива батеријата на часовникот.
СОБИРАЊЕ И РЕЦИКЛИРАЊЕ НА БАТЕРИИТЕ ОД
КВАРЦНИТЕ ЧАСОВНИЦИ*
Овој знак покажува дека производот не треба да се фрли во обич-
но ѓубре. Предадете го производот во одобрен собирен пункт. На
тој начин придонесувате за заштита на природата и на здравјето
на населението. Рециклирањето на материјалот овозможува да се
зачуваат природните ресурси.
338
Македонски
Македонски
*Се применува во земјите членки на Европската Заедница и во земјите со слична
законска регулатива.
НЕПРОПУСТЛИВОСТ НА ТЕЧНОСТ
Прочитајте го упатството што се наоѓа на дното од кутијата на Вашиот часовник
Victorinox Swiss Army, како и следниве појаснувања:
Непропустлив до 3 АТМ (100 стапки/30 метри). Отпорен на дожд, на испрску-
вање и на ненамерно потопување, но не треба да се носи при туширање
или при капење.
Непропустлив до 5 АТМ (165 стапки/50 метри). Може да се носи при тушира-
ње или при капење во плитка вода. Не смее да се скока во вода со часовни-
кот.
Непропустлив до 10 АТМ (330 стапки/100 метри). Може да се носи при капење
или при површинско нуркање без апарат за кислород.
Непропустлив до 30 АТМ (990 стапки/300 метри). Може да се носи при капе-
ње, при нуркање без апарат за кислород или при нуркање во плитки води.
Непропустлив до 50 АТМ (1650 стапки/500 метри). Може да се носи при капе-
ње или при нуркање во плитки или длабоки води.
Непропустливоста на течност на Вашиот часовник не може да се гарантира на
неодреден рок заради стареењето на гарнитурата, евентуалните удари врз винтот
или копчињата и климатските/температурните варијации. Ви препорачуваме
непропустливоста на течност на Вашиот часовник да ја проверувате кај одобрен
339

Hide quick links:

Advertisement

loading