Makita DFJ202 Instruction Manual page 163

Cordless fan jacket
Hide thumbs Also See for DFJ202:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Материјал
DFJ202
Надворешен материјал: Полиестер (100%)
DFJ203
Внатрешен материјал: Полиестер (100%)
Џеб: Памук (100%)
DFJ300
Надворешен материјал: Памук (100%)
DFJ301
Внатрешен материјал: Полиестер (100%)
Џеб: Памук (100%)
DFJ400
Надворешен материјал:
DFJ401
Полиестер (100%) + бисереста облога
од титаниум
Внатрешен материјал: Полиестер (100%)
Џеб: Памук (100%)
Перниче за рамо: Полиестер (65%) +
• Поради постојаното истражување и развој,
техничките податоци дадени тука може да се
менуваат без известување.
• Техничките податоци и касетата со батеријата може
да се разликуваат од земја до земја.
• Времето на работа може да се разликува во
зависност од видот на батеријата, состојбата на
полнење на батеријата и условите на користење.
СКЛОПУВАЊЕ
Монтирање или отстранување на
касетата со батерија на/од држачот на
батеријата (Сл. 3)
ВНИМАНИЕ:
• Цврсто држете го држачот на батеријата и
касетата со батеријата кога ја монтирате или
отстранувате касетата со батеријата. Ако
држачот на батеријата и касетата со батеријата
не се држат цврсто, тоа може да предизвика
нивно лизгање од вашите раце и да резултира
со оштетување на држачот на батеријата и
касетата со батеријата, како и со лична повреда.
За да ја монтирате касетата со батеријата (15),
порамнете го јазичето на касетата со батеријата со
жлебот во држачот на батеријата и турнете ја да
застане во место. Вметнете ја до крај додека не се
блокира на место при што ќе се слушне мало
кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор (13) на горната страна од копчето, тоа
значи дека не е заклучена целосно во место.
Секогаш монтирајте ја касетата со батеријата целосно
додека црвениот индикатор не престане да свети. Во
спротивно, може случајно да испадне од држачот на
батеријата, со тоа предизвикувајќи повреда вам или
некому околу вас.
Немојте да ја монтирате касетата со батеријата
насилно. Ако касетата не може да се лизне лесно, тоа
значи дека не е поставена правилно. За да ја
отстраните касетата со батеријата, лизнете ја од
држачот на батеријата додека го лизгате копчето (14)
на предниот дел од батеријата.
памук (35%)
Монтирање или отстранување на
единицата со вентилаторот на/од
јакната (Сл. 4, 5 и 6)
Прикачете ја куката за вентилатор на единицата со
вентилаторот и протнете ја низ јакната така што куката
за вентилатор да може да го држи вашиот ремен.
Куката за вентилатор е корисна за поудобно движење.
Поставете ја единицата со вентилаторот на јакната
закопчувајќи го патентот. Потоа, стегнете го копчето за
закопчување за да ја прицврстите.
За отстранување, следете ја постапката за монтирање
по обратен редослед.
Поставување на држачот на батеријата
(Сл. 7 и 8)
Поврзете ги држачот на батеријата и кабелот за
напојување на јакната.
Можете да го закачите држачот на батеријата на
вашиот ремен.
За држачи на батерии од 18V и 14,4V
Држачот на батерија има вградена фукнција за
заштита од паѓање.
При отстранување на држачот на батеријата од
ременот, повлечете го држачот на батеријата нагоре
додека го држите притиснато копчето за отклучување
(16).
Поставување на комплетот филтри
(опционален прибор) (Сл. 9)
Комплетот филтри ја штити единицата со
вентилаторот од крупен и ситен прав. Комплетот
филтри се препорачува да се користи во правливи
работни места.
Прикачете го сунѓерестиот филтер (17) на единицата
со вентилаторот, а потоа, ставете го филтерот (18) на
него. За отстранување, следете ја постапката за
монтирање по обратен редослед.
ФУНКЦИОНАЛЕН ОПИС
ВНИМАНИЕ:
• Јакната со ладење делува преку довод на
воздух чии температура и влажност се пониски
од оние на површината на телото. Јакната со
ладење може да не делува ако температурата и/
или влажноста на воздухот во околината се
повисоки отколку во јакната.
Користење на прекинувачот (Сл. 10)
За да ја вклучите јакната, притиснете го и задржете го
копчето за вклучување/исклучување (21). Јакната
започнува да работи со висока брзина на воздухот. Со
секое допирање на копчето за вклучување/
исклучување, брзината на воздухот се менува од
висока во средна, од средна во ниска, и од ниска во
висока. Индикаторот за брзина на воздух (20) ја
покажува моменталната брзина на воздухот.
За да ја исклучите, повторно притиснете го и задржете
го копчето за вклучување/исклучување.
163

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dfj401Dfj400Dfj301Dfj300Dfj203

Table of Contents