Bosch GLM 100 C Original Instructions Manual page 272

Digital laser rangefinder
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 20
OBJ_BUCH-1956-002.book Page 272 Monday, July 1, 2013 11:28 AM
272 | Македонски
За да го избришете внесот во моментално прикажаната
листа на измерени вредности, притиснете кратко на
копчето 4. За да ја избришете целата листа на измерени
вредности и константата „CST" , држете го притиснато
копчето Листа на измерени вредности 7 и истовремено
притиснете го копчето 4.
Во функцијата мерење на ѕидни површини при првото
кратко притискање на копчето 4 ќе се избрише
последната поединечна мерна вредност, при второто
притискање сите должини B
, а при третото висината на
X
просторот A.
Собирање на измерените вредности
За да ги соберете измерените вредности, најпрво
извршете произволно мерење или изберете внес од
листата со измерени вредности. Потоа притиснете го
копчето Плус 11. На екранот за потврда се појавува „+".
Потоа извршете второ мерење или изберете друг внес од
листата со измерени вредности.
За да го проверите збирот на двете
мерења притиснете го копчето за
резултат 6. Пресметката ќе се прикаже
во редовите со измерени вредности a,
а збирот стои во редот со резултат c.
По пресметување на збирот, на овој резултат може да се
додадат други измерени вредности или внесови од
листите со измерени резултати, доколку пред мерењето
се притисне копчето Плус 11. Собирањето ќе заврши
доколку го притиснете копчето со резултат 6.
Совети за собирање:
– Вредностите за должина, површина и волумен не може
мешовито да се собираат. Доколку напр. се соберат
вредност на должина и површина, при притискање на
копчето со резултат се појавува 6 кратко „ERROR" на
екранот. Потоа мерниот уред менува на последно
активираната мерна функција.
– Се собира резултатот од едно мерење (напр. вредност
на волумен), а при континуирано мерење прикажаната
измерена вредност во редот со резултат c. Собирањето
на поединечни измерени вредности од редовите со
измерени вредности a не е возможно.
Одземање на измерени вредности
За одземање на измерените вредности
притиснете го копчето Минус 5, на
екранот за потврда се појавува „–".
Понатамошната постапка е слична на
„Собирање на измерените вредности".
Пренос на податоци на други уреди
Мерниот уред е опремен со Bluetooth®-модул, кој со
помош на радио техника овозможува пренос на податоци
до одредени мобилни терминали со Bluetooth®-интерфејс
(напр. смартфон, таблет).
Информации за потребните системски предуслови за
Bluetooth®-врска ќе најдете на интернет страната на Bosch на
www.bosch-pt.de
2 609 141 026 | (1.7.13)
При пренос на податоци со помош на Bluetooth® може да
настанат временски одложувања помеѓу мобилниот
терминал и мерниот уред. Ова може да се случи поради
оддалеченоста на двата уреди или самиот мерен објект.
Преку микро-USB-приклучок на мерниот уред може да се
изврши пренос на податоци до одредени уреди со USB-
интерфејс (напр. компјутер, ноутбук). За време на
работата на USB одн. пренос на податоци може да дојде до
значително зголемување на времето на полнење n.
Активирање на Bluetooth®- интерфејс за пренос на
податоци на мобилен терминал
За активирање на Bluetooth®-интерфејсот притиснете на
Bluetooth®-копчето 13 на мерниот уред. Проверете дали
Bluetooth®-интерфејсот е активиран на вашиот мобилен
терминал.
За надградба на обемот на функции на мобилниот
терминал и за поедноставување на обработката на
податоци имате специјални Bosch-апликации (Apps) на
располагање. Тие може да се преземат во соодветните
продавници во зависност од терминалот:
По старт на Bosch-апликацијата се воспоставува врска
помеѓу мобилниот терминал и мерниот уред. Доколку се
пронајдени повеќе активни мерни уреди, изберете го
односниот мерен уред. Доколку е пронајден само еден
активен мерен уред, се воспоставува автоматска врска.
Напомена: При воспоставување на првата врска
(спарување) помеѓу мерниот уред и мобилен терминал
(напр. смартфон, таблет) може да ви биде побаран пин-
кодот за мерниот уред. Во овој случај внесете „0000".
Статусот на врската како и активната врска ќе се прикажат
на екранот 1 (l).
Доколку не може да се воспостави врска 5 минути по
притискање на Bluetooth®-копчето 13, автоматски се
вклучува Bluetooth® за заштита на батериите.
При работа на мерниот уред во мерна шина 27 не е
возможно пренесување на мерни податоци.
Деактивирање на Bluetooth®- интерфејс
За деактивирање на Bluetooth®-интерфејсот притиснете
на Bluetooth®-копчето 13 или исклучете го мерниот уред.
При деактивиран Bluetooth®-интерфејс или прекината
Bluetooth®-врска (напр. поради големо растојание или
пречки помеѓу мерниот уред и мобилниот терминал како и
електромагнетни извори на пречки) на екранот повеќе
нема да се прикаже Bluetooth® (l).
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents