Bosch EXACT ION 4-2000 Original Instructions Manual page 153

Hide thumbs Also See for EXACT ION 4-2000:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
OBJ_BUCH-1781-002.book Page 153 Thursday, November 28, 2013 11:14 AM
– Турнете го лизгачот 4 од електричниот апарат
комплетно наназад.
– Вметнете го алатот за поставување 14 во прифатот за
алат 1 и полека свртете го.
– Веднаш штом забележите мала испакнатина (плочка за
подесување 15) на спојката, вметнете го алатот за
поставување 14 во оваа испакнатина и свртете го.
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава
висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен
од стрелките на часовникот создава помал вртежен
момент.
– Извадете го алатот за поставување 14. Турнете го
лизгачот 4 повторно нанапред, за да ја заштитите
спојката од нечистотија.
Напомена: Потребната поставка зависи од видот на
сврзувањето и може да се одреди со практичен обид.
Проверете го зашрафувањето со клуч за вртежен момент.
 Вртежниот момент поставете го само во наведените
граници на јачина, инаку нема да одговара на
исклучната спојка.
Обележување на поставките на вртежниот момент
(види слика F)
Секогаш користете го електричниот апарат со прстен за
обележување, за да бидете сигурни дека куќиштето е
заштитено од прав и нечистотија.
За обележување на индивидуално подесен вртежен
момент, прстенот за обележување 16 може да го замените
со друг прстен за обележување во друга боја.
– Притиснете го прстенот за обележување 16 со тенок
одвртувач, шпатула или слично.
Приказ за зашрафување на спојниците
(зелено/црвено LED)
Со постигнување на претходно поставениот вртежен
момент, исклучната спојка се отпушта. LED-приказите 8
светат зелено.
Доколку претходно поставениот вртежен момент не се
постигне, LED-приказот 8 свети црвено и се слуша
акустичен сигнал. Зашрафувањето на спојниците мора да
се изведе уште еднаш.
Заштита од рестартирање
Доколку при зашрафувањето на спојниците се отпушти
исклучната спојка, моторот се исклучува. Повторното
вклучување е возможно дури по 0,7 секунди пауза.
Притоа се избегнува невнимателно зацврстување на веќе
фиксираните спојници.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Bosch Power Tools
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Подмачкување на електричниот апарат
Средство за подмачкување
Специјална маст за погони (225 мл)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
Molykote маст
Моторно масло SAE 10/SAE 20
– По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со
разреден раствор. Следете ги напомените
производителот на растворот за користење и фрлање.
На крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за
погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по
околу 300 работни часа од првото чистење.
– Намастете ги подвижните делови на исклучната спојка
по 100000 зашрафувања на спојници со неколку капки
моторно масло SAE 10/SAE 20. Подмачкајте ги
деловите што се лизгаат и вртат со Molykote маст.
Проверете дали е изабена спојката, за да се осигурате
дека нема да влијае на повторливоста и прецизноста.
На крај, мора одново да се постави вртежниот момент
на спојката.
 Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
електричниот апарат.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
 Материјалот за подмачкување и чистење
отстранете го на еколошки прифатлив начин.
Внимавајте на законските прописи.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Robert Bosch GmbH гарантира за договорна испорака на
овој производ во рамките на законските одредби и
одредбите во зависност од земјата. При рекламации за
производот ве молиме обратете се на следново место:
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Македонски | 153
1 609 92A 0CL | (28.11.13)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents