Bosch EXACT ION 4-2000 Original Instructions Manual page 152

Hide thumbs Also See for EXACT ION 4-2000:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
OBJ_BUCH-1781-002.book Page 152 Thursday, November 28, 2013 11:14 AM
152 | Македонски
Приказ за
Значење
наполнетоста на
батеријата 7
Трепкаво светло Електричниот апарат е прегреан и
надвор од употреба:
– Почекајте додека трепкањето не
престане автоматски по некое
време, пред повторно да го
вклучите електричниот апарат.
Работна околина и складирање
Електричниот апарат е исклучиво наменет за употреба во
затворени простории.
За беспрекорна работа, дозволената околна температура
треба да биде меѓу 0 °C и +45 °C, во границите на
релативна влажност на воздухот меѓу 20 и 95 % без
кондензација.
Уред за закачување (види слика B)
Со обрачот за закачување 11 може да го прицврстите
електричниот апарат на уред за закачување.
– Поставете го обрачот за закачување 11 на
електричниот апарат и оставете го да се вклопи во
процепот 12.
 Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за
закачување и куките на уредот за закачување.
Конфигурација на електричниот апарат
Со помош на софтверот BOSCH EXACT Configurator на
електричниот апарат може да се конфигурираат различни
поставки (на пр. број на вртежи, степени на одвртување,
заштита од рестартирање). Тогаш електричниот апарат
мора да се поврзе преку USB-интерфејс со PC.
Напомена: Притоа внимавајте на сите безбедносни
напомени и инструкции во упатството за употреба на
софтверот.
Замена на алатот (види слика C)
 При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да
не може да се контролира.
Ставање на алатот за вметнување
Користете само алати за вметнување со соодветен крај за
вметнување (1/4"-шестаголен).
– Извлечете ја чаурата на брзозатегачката глава 2
нанапред.
– Ставете во алатот за вметнување 13 во прифатот за алат
1 и повторно олабавете ја брзозатегачката глава.
Вадење на алатот за вметнување
– Извлечете ја чаурата на брзозатегачката глава 2
нанапред.
– Извадете го алатот за вметнување 13 од прифатот за
алат 1 и повторно олабавете ја брзозатегачката глава.
1 609 92A 0CL | (28.11.13)
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
Ставање во употреба
Доколку сакате да го стартувате електричниот апарат,
најпрво треба да го поставите правецот на вртење со
прекинувачот за правец на вртење 6: Електричниот
апарат ќе стартува, доколку прекинувачот за правец на
вртење 6 не стои во средината (блокада при вклучување).
Поставете го правецот на вртење (види слика D)
– Тек на десно: За дупчење и зашрафување притиснете
го прекинувачот за менување на правец на вртење 6 на
лево до крај.
– Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови притиснете го прекинувачот за менување на
правецот на вртење 6 на десно до крај.
Вклучување на работното светло
Работното светло 3 овозможува осветлување на местото
на одвртување при неповолни светлосни услови.
Работното светло го вклучувате 3 со лесно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување 5. Доколку го
притиснете посилно прекинувачот за
вклучување/исклучување, ќе се вклучи електричниот
апарат, а работното светло и понатаму свети.
 Не гледајте директно во работното светло, може да
ве заслепи.
Вклучување/исклучување
Одвртувачите имаат исклучна спојка која
зависи од вртежниот момент, и се подесува
во дадените граници. Таа реагира доколку
се постигне подесениот вртежен момент.
– За Вклучување на електричниот апарат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 5 до крај.
– Електричниот апарат автоматски се исклучува, штом
се постигне подесениот вртежен момент.
 Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување
5 се ослободи предвреме, претходно подесениот
вртежен момент нема да се постигне.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Совети при работењето
 Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
Подесување на вртежниот момент (види слика E)
Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината
на исклучната спојка. Исклучната спојка се отпушта
веднаш штом се постигне поставениот вртежен момент
како во десен, така и во лев тек.
За подесување на индивидуалниот вртежен момент,
користете го само алатот за поставување 14 што е
испорачан со уредот.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents