Bosch 0 607 352 113 Original Instructions Manual page 205

Pneumatic angle grinder
Hide thumbs Also See for 0 607 352 113:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 15
OBJ_BUCH-2005-002.book Page 205 Monday, January 20, 2014 5:27 PM
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN ISO 11148 и
може да се користи за меѓусебна споредба на пневматски
алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
пневматскиот алат. Доколку пневматскиот алат се користи
за други примени, со различна опрема, алатот што се
вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
пневматскиот алат е исклучен или едвај работи, а не во
моментот кога е во употреба. Ова може значително да го
намали оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно пневматските алати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Тврдиме на сопствена одговорност, дека производите
опишани во „Технички податоци" се сообразни со
следните норми или нормативни
документи:EN ISO 11148 според одредбите на
регулативата 2006/42/EG.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Leinfelden, 28.08.2013
Монтажа
Монтирање на заштитните уреди
 Уверете се, дека пневматскиот алат не е приклучен
на снабдувањето со воздух, пред да ги монтирате
заштитните уреди. На тој начин нема невнимателно да
го употребите.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/пневматскиот уред, пневматскиот алат
мора веднаш да се прати во сервисната служба, за
адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети
при користење".
Bosch Power Tools
Заштитна хауба за брусење (види слика A)
– Ставете ја заштитната хауба 13 со кодираниот заб 19 во
кодираниот жлеб на вратот на вретеното 15 се додека
сврзокот на заштитната хауба не лежи на прирабницата
на елкетричниот алат.
– Прилагодете ја позицијата на заштитната хауба според
потребите на работниот процес.
– За обезбедување на заштитната хауба повлечете го
шрафот за фиксирање 12 со минимален момент на
повлекување од 10 Nm.
 Поставете ја заштитната хауба 13 на тој начин што ќе
го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Дополнителна дршка
 Користете го вашиот пневматски алат само со
дополнителна дршка 3.
– Зашрафете ја дополнителната дршка 3 на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Заштита за дланките (види слика B)
 При работењето со гумен диск 5 за брусење
секогаш монитрајте ја заштитата за дланките 4.
– Зацврстете ја заштитата за дланки 4 со дополнителната
дршка 3.
Воздуховод (види слика C)
Со воздуховодот може да го одведувате издувниот воздух
низ едно црево за одвод на воздух надвор од вашето
работно место и истовремено да постигнете оптимално
придушување на звукот. Со тоа ќе ги подобрите работните
услови, бидејќи вашето работно место повеќе нема да
биде извалкано со воздух кој содржи масло или прав одн.
струготини.
– Одвртете го придушувачот на излезот за воздух 12, и
заменете го со спојница за црево 1.
– Олабавете го држачот за 20 цревото за одвод на воздух
21, и зацврстете го цревото за одвод на воздух на
спојницата за црево 1, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Приклучок на напојувањето со воздух
(види слика D)
 Внимавајте на тоа, воздушниот притисок да не биде
понизок од 6,3 бари (91 psi), бидејќи пневматскиот
алат е конструиран за овој работен притисок.
За максимална јачина, мора да се придржувате до
вредностите за ширината на цревото како и навојот на
приклучокот како што е дадено во табелата „Технички
податоци". За да се одржи полната јачина, користете само
црева со макс. 4 м должина.
Во доведениот компресиран воздух не смее да има туѓи
тела и влага, за да го заштити пневматскиот алат од
оштетување, нечистотија и создавање р'ѓа.
Напомена: Неопходно е користење на единицата за
одржување на компресираниот воздух. Ова овозможува
беспрекорна функција на пневматските алати.
Македонски | 205
3 609 929 C70 | (20.1.14)

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

0 607 352 114

Table of Contents