Bosch PWS 20-230 J Original Instructions Manual page 219

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 15
OBJ_BUCH-2397-003.book Page 219 Monday, June 15, 2015 2:13 PM
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачки водилки
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки 24 се
монтира како заштитна хауба за брусење 5.
Дополнителна дршка
 Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 3.
Зашрафете ја дополнителната дршка 3 на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Дополнителна дршка за придушување на вибрациите
Дополнителната дршка за придушување на вибрациите
овозможува работење со мали вибрации и пријатна и
безбедна работа.
 Не ја менувајте дополнителната дршка.
Не ја користете оштетената дополнителна дршка.
Заштита за дланките
 При работа со гумен диск 20 за брусење или со
лончеста четка/четка во вид на плоча/ламелести
брусни дискови во вид на лепеза секогаш користете
ја заштитата за дланки 18.
Зацврстете ја заштитата за дланки 18 со дополнителната
дршка 3.
Монтирање на брусни алати
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење 4 и сите делови што
треба да се монтираат.
За зацврстување и олабавување на брусните апарати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното 1, за да
го зацврстите вретеното за брусење.
 Копчето за блокирање на вретеното активирајте го
само доколку вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на брусните апарати.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот апарат (погледнете
ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Bosch Power Tools
За зацврстување на брусната плоча/брусната плоча за
сечење ставете ја стезната навртка 9 и затегнете ја со клуч
со два отвора, видете во делот „Брзозатезна навртка".
 По монтажата на брусниот апарат, пред
вклучувањето, проверете дали брусниот апарат е
точно монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали брусниот апарат не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Во приклучната прирабница 7 околу
централниот венец е ставен
пластичен дел (O-прстен). Доколку
недостига O-прстенот или е
оштетен, приклучната прирабница 7
мора да се замени пред понатамошна
употреба.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
 При работата со ламелеста брусна плоча во вид на
лепеза секогаш монтирајте ја заштитата за дланки
18.
Гумен диск за брусење
 При работењето со гумен диск 20 за брусење
секогаш монитрајте ја заштитата за дланките 18.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Пред монтажата на гумениот брусен диск 20 oставете ги 2-
та дистанцери 19 на вретеното за брусење 4.
Зашрафете ја тркалезната навртка 22 и затегнете ја со
клуч со два отвори.
Лончеста четка/плочеста четка
 При работењето со лончеста четка или плочеста
четка секогаш монтирајте ја заштитата за дланките
18.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Лончестата четка/плочестата четка мора да се зашрафи на
вретеното за брусење до тој степен цврсто да налегне на
прирабницата на вретеното за брусење на крајот на
навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата
четка/плочеста четка со вилушкаст клуч.
Брусен лонец
 При работа со брусен лонец, монтирајте ја
специјалната заштитна хауба 15.
Брусниот лонец 16 треба да стрчи од заштитната хауба 15,
онолку колку што е потребно за обработката. Поставете ја
заштитната хауба 15 на оваа димензија.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Зашрафете ја затезната навртка 9 и затегнете ја со
свитканиот клуч со два отвори 17.
Македонски | 219
1 609 92A 1GK | (15.6.15)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents