Samsung PS43F4500AW User Manual page 122

Hide thumbs Also See for PS43F4500AW:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Комплетите со ѕиден носач (се продаваат одделно) ви овозможуваат да го монтирате телевизорот на ѕид. За детални
информации околу инсталирањето на ѕидниот носач, погледнете ги инструкциите кои се испорачуваат со ѕидниот носач. За
помош при инсталирањето на ѕидниот носач, обратете се до техничко лице. Не Ви препорачуваме да го направите сами.
Компанијата Samsung Electronics не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас или другите лица, доколку
се одлучите сами да го монтирате телевизорот.
Спецификации на комплетот со ѕиден носач (VESA)
Комплетот со ѕиден носач не се испорачува, но се продава одделно.
Инсталирајте го вашиот ѕиден носач на цврст ѕид кој е поставен нормално на подот. Кога го прицврстувате за подлоги
од друг вид градежен материјал, ве молиме обратете се до најблискиот дистрибутер. Доколку се инсталира на таван
или ѕид кој е косо поставен, може да предизвика сериозни повреди.
ЗАБЕЛЕШКА
Стандардните димензии за ѕидните носачи се прикажани во табелата подолу.
При купувањето на нашиот ѕиден носач, обезбедено е детално упатство за инсталирање и сите останати делови
потребни при монтажата.
Не употребувајте завртки кои не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификација на завртки.
Не употребувајте шрафови подолги од стандардните, бидејќи можат да ја оштетат внатрешноста на телевизорот.
За ѕидните носачи кои не се во согласност со VESA стандардите за спецификација на шрафовите, должината на
шрафовите може да се разликува во зависност од конкретната спецификација.
Не ги прицврстувајте завртките премногу, бидејќи производот може да се оштети или, пак, да падне и да ве повреди.
Компанијата Samsung нема да сноси одговорност за овој вид на несреќи.
Компанијата Samsung не одговара за оштетувањата на производот или личните повреди кога се употребуваат ѕидни
носачи кои не ги исполнуваат VESA стандардите или спецификациите за монтирање или во случаи кога корисникот не го
следи упатството за инсталирање.
Не надминувајте накривување поголемо од 15 степени при монтирање на телевизорот.
инчи
VESA Спец. (A * B)
43~51
60~64
Не вршете инсталирање на ѕидниот носач додека телевизорот е вклучен. Може да дојде до повреди како последица
на електричен удар.
Kensington бравата не е испорачана од страна на Samsung. Тоа е уред кој се користи за физичко прицврстување на системот при
користење на јавни места. Изгледот и методот за заклучување може да се разликува од приказот во зависност од произведувачот.
За дополнителни информации околу правилното користење погледнете го прирачникот кој се испорачува со Kensington бравата.
Пронајдете ја иконата "K" на задниот дел од телевизорот. Отворот за Kensington брава се наоѓа покрај иконата "K".
Позицијата и бојата можат да бидат различни, во зависност од моделот.
За заклучување на производот, следете ги овие чекори:
1.
Замотајте го кабелот на Kensington бравата околу некој голем, статичен објект
како што е маса или стол.
2.
Протнете го едниот крај од кабелот со прикачената брава низ другиот крај на
кабелот од Kensington бравата со јамка.
3.
Вметнете го делот за заклучување во отворот за Kensington брава на
производот.
4.
Заклучете ја бравата.
Ова се општите инструкции. За детални инструкции, погледнете го
прирачникот за користење кој се испорачува со уредот за заклучување.
Уредот за заклучување мора да се купи одделно.
Монтирање на ѕидниот носач
Стандардни
завртки
400 X 400
M8
600 X 400
Kensington брава против кражба
Македонски - 14
Количина
4
<Изборно>

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents