Samsung PS43F4500AW User Manual page 120

Hide thumbs Also See for PS43F4500AW:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Проблеми
Нема слика, нема видео сигнал
Телевизорот не сака да се вклучи.
Телевизорот автоматски се
исклучува.
Нема слика/видео сигнал.
Антенска(Ант./Кабел) врска
Телевизорот не ги прима сите
канали.
Сликата е изобличена: грешка во
макро блокот, малиот блок, точки,
пикселизација
Останато
Сликата не може да се прикаже
на цел екран.
Од телевизорот со плазма се
слуша континуиран шум.
Проблем со задржување на
сликата (заостанати слики).
Далечинскиот управувач не
функционира.
Далечинскиот управувач од
кабелскиот/set top box приемник
не го вклучува и исклучува
телевизорот и не ја прилагодува
јачината на звукот.
Се прикажува пораката "Режимот
не се поддржува".
• Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во ѕидниот приклучок и телевизорот.
• Проверете дали ѕидниот приклучок функционира.
• Обидете се да го притиснете копчето
работи правилно. Доколку телевизорот се вклучи, погледнете го "Далечинскиот управувач не функционира"
подолу.
• Проверете дали функцијата Време на искл. е поставена на Иск во менито Време.
• Ако вашиот телевизор е поврзан на компјутер, проверете ги поставувањата за напојување на компјутерот.
• Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во ѕидниот приклучок и телевизорот.
• При гледање на телевизија преку антена или кабелска врска, телевизорот ќе се исклучи по 10 - 15 минути
доколку нема сигнал.
• Проверете ги поврзувањата на каблите (исклучете ги и повторно приклучете ги сите кабли кои се поврзани
на телевизорот и надворешните уреди).
• Поставете го видео излезот на вашите надворешни уреди (кабелски/Set top box приемник, DVD плеер, Blu-
ray итн.) да одговара на поврзувањето со влезот на телевизорот. На пример, ако излезот на надворешниот
уред е HDMI, тој треба да биде поврзан на HDMI приклучокот на телевизорот.
• Проверете дали надворешните уреди се вклучени.
• Проверете дали сте го избрале соодветниот извор на телевизорот со притиснување на копчето
далечинскиот управувач на телевизорот.
• Рестартирајте го поврзаниот уред со исклучување и повторно вклучување на кабелот за напојување на
уредот.
• Проверете дали кабелот од антената е добро приклучен.
• Обидете се со функцијата Постав. (почетно поставување) да ги додадете достапните канали на списокот
со канали. Одете во
- Систем - Постав. (почетно поставување) и почекајте да се зачуваат сите
MENU
достапни канали.
• Проверете дали антената е правилно позиционирана.
• Компресирањето на видео содржините може да предизвика изобличување на сликата, особено на слики со
брзи движења како кај спортот или динамичните филмови.
• Слабиот сигнал може да предизвика изобличување на сликата. Овој проблем не е поврзан со телевизорот.
• HD каналите имаат црни ленти на сите рабови на екранот кога прикажуваат зголемени SD (4:3) содржини.
• При гледање филмови кои имаат различен сооднос на сликата од вашиот телевизор, на горниот и долниот
раб ќе се прикажат црни ленти.
• Поставете ги опциите за големина на слика на вашиот надворешен уред или телевизор на цел екран.
• Од телевизорите со плазма вообичаено се слуша тивок континуиран звук. Ова е нормално. Таквиот шум го
предизвикуваат електричните полнежи кои се користат за создавање слики на екранот.
• Ако континуираниот звук е гласен, можно е да сте ја поставиле осветленоста на телевизорот премногу
високо. Обидете се да ја намалите осветленоста.
• Гласниот шум може да биде предизвикан и доколку задниот дел од вашиот телевизор со плазма е премногу
блиску до ѕидот или друга тврда површина. Исто така, можете да се обидете одново да ги приклучите
каблите за поврзување.
• Неправилното ѕидно монтирање може да предизвика преголем шум.
• За да се минимизира можноста од прегорување на екранот, овој уред е опремен со технологијата Промена
на пиксел за намалување на можноста за прегорување на екранот. Технологијата Промена на пиксел ви
овозможува да ја поставите сликата да врши мало придвижување нагоре и надолу (вертикална линија) и
странично (хоризонтална точка). Стандардното, мало придвижување на сликата ја намалува можноста за
прегорување на екранот.
• Заменете ги батериите на далечинскиот управувач, внимавајќи на точната насока на поларитетот (+/–).
• Исчистете го прозорецот за пренос на сензорот од далечинскиот управувач.
• Обидете се да го насочите далеч. директно кон ТВ од 150-180 см оддалеченост.
• Програмирајте го далечинскиот управувач од кабелскиот/set top box приемник да функционира со
телевизорот. Погледнете го прирачникот за користење на кабелскиот/Set top box приемник и пронајдете го
кодот за вашиот телевизор од SAMSUNG.
• Проверете ја поддржаната резолуција на телевизорот и соодветно поставете ја излезната резолуција на
надворешниот уред.
Македонски - 12
Решенија и објаснувања
на телевизорот за да проверите дали далечинскиот управувач
POWER
на
SOURCE

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents