Bosch GWS 6-100 Original Instructions Manual page 178

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 11
OBJ_BUCH-161-007.book Page 178 Thursday, August 22, 2013 3:50 PM
178 | Македонски
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 По кршењето на брусната плоча за време на работата
или при оштетување на уредот за прифат на заштитната
хауба/електричниот апарат, електричниот апарат мора
да се прати во сервисната служба, за адресата
погледнете во делот „Сервисна служба и совети при
користење".
 Поставете ја заштитната хауба на тој начин што ќе го
спречи летањето на искри во правец на лицето што
ја користи.
 Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
 Копчето за блокирање на вретеното активирајте го
само доколку вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
 По монтажата на брусниот апарат, пред
вклучувањето, проверете дали брусниот апарат е
точно монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали брусниот апарат не струга на
заштитната хауба или другите делови.
 При користење на електричниот алат на мобилни
произведувачи на струја (генератори), може да дојде
до пад на моќноста или нетипична реакција при
вклучувањето.
 Заради високата сила на притисок, електричниот
алат може да се преоптовари. Преоптоварувањето
може да доведе до прегревање и оштетување на
електричниот алат. По силното оптоварување,
оставете го електричниот алат уште неколку минути
во празен од, за да се излади.
 Електричниот апарат не го користете со пулт за
сечење.
 Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
за грубо брусење.
 Брзозатезната навртка смее да се користи само за
брусни плочи и брусни плочи за сечење. Користете
само беспрекорни, неоштетени брзозатезни
навртки.
 При работа со гумен диск за брусење или со
лончеста четка/четка во вид на плоча/ламелести
брусни дискови во вид на лепеза секогаш користете
ја заштитата за дланки .
1 609 92A 0EK | (22.8.13)
 При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете заштитна хауба за сечење.
 При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта. Носете маска за заштита од
прав.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност
Пред било каква интервенција на
електричниот апарат, извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна
Носете заштитни ракавици
Носете заштита за слухот.
Носете заштитни очила
Правец на движење
Употребете сила за работната
постапка.
Мал број на вртежи
Голем број на вртежи
Вклучување
Исклучување
Проверка на прекинувачот за
вклучување/исклучување
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents