Download Print this page

Makita DUR190U Instruction Manual page 89

Cordless
Hide thumbs Also See for DUR190U:

Advertisement

НАПОМЕНА: Кога ќе ја поставите ADT
(технологијата за автоматски погон на вртежниот
момент), индикаторот за ADT се вклучува, а
алатот работи со оптимална брзина на ротацијата
и вртежен момент за условите на тревата што се
сече.
Копче за обратна акција за
отстранување отпадоци
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
и извадете ја касетата за батеријата пред да ги
отстраните заплетканите трева или отпадоци,
што не може да се отстранат со функцијата за
обратна акција. Ако не го исклучите алатот и не ја
извадите касетата за батеријата, може да дојде до
тешка телесна повреда предизвикана од случајно
стартување.
Овој алат има копче за обратна акција за
промена на насоката на ротација. Служи само за
отстранување заплеткан плевел или отпадоци од
алатот.
За обратна ротација, кога алатот за сечење е
запрен, допрете го копчето за обратна акција и
повлечете го прекинувачот за стартување додека
го притискате лостот за деблокирање. Кога
ќе го повлечете прекинувачот за стартување,
индикаторите за брзина и ADT-индикаторот
започнуваат да трепкаат, а алатот за сечење ротира
во обратна насока.
За да се вратите на нормална ротација, отпуштете
го прекинувачот и почекајте додека да запре алатот
за сечење.
► Сл.11: 1. Индикатор за брзина 2. ADT-индикатор
3. Копче за обратна акција
НАПОМЕНА: За време на обратната ротација,
алатот работи само кратко време и потоа,
автоматски запира.
НАПОМЕНА: Штом алатот запре, ротацијата се
враќа на нормалната насока кога алатот повторно
ќе биде вклучен.
НАПОМЕНА: Ако го допрете копчето за обратна
акција додека алатот за сечење сѐ уште ротира,
алатот запира и е подготвен за обратна ротација.
Електрична сопирачка
Алатот е опремен со електрична сопирачка. Ако
алатот постојано не успева брзо да запре по
отпуштање на прекинувачот за стартување, треба да
се однесе на сервис во нашиот сервисен центар.
ВНИМАНИЕ:
Системот на сопирачката не
е замена за заштитникот. Никогаш не користете
го алатот без заштитникот. Незаштитен алат
за сечење може да резултира со тешка телесна
повреда.
Исклучете го алатот
89 МАКЕДОНСКИ
СОСТАВУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
алатот да е исклучен и касетата за батеријата
да е извадена пред да направите нагодување
или проверка на алатот. Ако не го исклучите
алатот и не ја извадите касетата за батеријата,
може да дојде до тешка телесна повреда
предизвикана од случајно стартување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
стартувајте го алатот ако не е целосно
составен. Работењето со делумно составен алат
може да резултира со тешка телесна повреда
заради случајно стартување.
Монтирање на рачката
Само за DUR190U и DUR191U
1.
Вметнете го вратилото на рачката во дршката.
Порамнете го дупчето за завртката со дупчето на
вратилото. Цврсто стегнете ја завртката.
► Сл.12: 1. Дршка 2. Завртка 3. Рачка
2.
Поставете ја рачката помеѓу стегата за рачка
и држачот за рачка. Нагодете ја рачката под агол
што овозможува удобна работна положба и потоа
прицврстете ја со завртки со имбус-глава.
► Сл.13: 1. Завртка со имбус-глава 2. Рачка за
прицврстување 3. Држач на рачката
Прикачување на препреката
За DUR190L и DUR191L
Доколку препреката е вклучена во вашиот модел, прикачете
ја препреката на рачката со помош на нејзиниот шраф.
► Сл.14: 1. Препрека 2. Шраф
ВНИМАНИЕ:
По склопување на
препреката, не вадете ја. Препреките работат
како безбедносен дел што ќе го спречи случајниот
контакт меѓу вас и сечилото.
Монтирање на приклучната цевка
Само за DUR191U и DUR191L
Монтирајте ја приклучната цевка на уредот за
напојување.
1.
Свртете ја рачката во насока на стрелката како
што е прикажано на сликата.
► Сл.15: 1. Лост
2.
Повлечете го заедничкиот капак и вметнете
ја приклучната цевка додека ја изедначувате
издаденоста на цевката (од страна на алатот за
сечење) со вдлабнатото парче на заедничкиот дел.
► Сл.16: 1. Лост за блокирање 2. Заеднички капак
3. Цевка
Осигурете се дека површината на лостот за
блокирање е паралелна во однос на цевката.
3.
Свртете ја рачката во насока на стрелката како
што е прикажано на сликата.
► Сл.17: 1. Лост
Секогаш уверете се
Никогаш не

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Dur190lDur191uDur191lDur190lzx3Dur190uzx3