Режими
VIDEO
1
VIDEO
20°C
1
VIDEO
20°C
Овој монитор за бебе има четири различни режими што ви
овозможуваат да изберете како сакате да го набљудувате вашето бебе:
VIDEO, AUDIO, VOX и ECO.
Кога мониторот за бебе е вклучен, може да избирате помеѓу овие
4 режими со притиснување на копчето за режим што е поставено
странично на делот за родителот.
Екранот ќе го прикаже избраниот режим. Избраниот режим ќе биде
означен и во лентата за статус. Кога ќе го вклучите уредот, ќе се
активира режимот што последен сте го користеле.
Режим VIDEO
Притиснете го копчето за режим што е поставено странично на делот
за родителот за да го изберете режимот VIDEO.
Кога режимот за VIDEO е активиран, екранот е вклучен постојано за да
го гледате вашето бебе. Сите звуци се пренесуваат директно до делот
за родителот.
Забелешка: поставете го нивото на чувствителност на „многу високо"
за да добивате континуиран звук преку делот за родителот. Ве
молиме прочитајте го поглавјето за ниво на чувствителност за да
дознаете повеќе информации.
117
Македонски