Philips Avent SCD831 Manual page 109

Hide thumbs Also See for Avent SCD831:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Важни безбедносни информации
ВАЖНО
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го
користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Овој монитор за бебе е предвиден да се користи како помошен уред.
Тој не е замена за одговорен и правилен надзор од страна на возрасни
лица и никогаш не треба да се користи како таков.
Никогаш не го оставајте вашето бебе само во домот. Погрижете
се секогаш да има некој покрај бебето кој ќе се грижи за него и за
неговите потреби.
Одрекување од одговорност
Ве молиме имајте предвид дека употребата на овој монитор за
бебе е на ваш ризик. Компанијата Koninklijke Philips N.V. и нејзините
подружници не се одговорни за ракувањето со овој монитор или за
начинот на кој го користите и затоа не прифаќаат никаква одговорност
поврзана со начинот на кој го користите овој монитор за бебе.
Опасност
-
Никогаш не потопувајте ниту еден дел од мониторот за бебе во вода
или какви било други течности. Не го ставајте уредот на места каде
што постои можност врз него да капе вода или каква било друга
течност или да биде испрскан. Никогаш не го користете мониторот за
бебе во влажни места или во близина на вода.
-
Никогаш не ставајте какви било предмети врз мониторот за бебе
и не го покривајте. Не ги блокирајте отворите за вентилација.
Инсталирајте го согласно упатствата од производителот.
Предупредување: опасност од задавување - децата можат да
се ЗАДАВАТ со каблите. Чувајте го овој кабел каде што нема да
биде на дофат на децата (на растојание поголемо од 3 ft (0,9
m)). Не ја отстранувајте оваа ознака.
Предупредување
-
Проверете дали напонот што е наведен на адаптерот соодветствува
со напонот на локалната електрична мрежа пред да го вклучите
уредот во струја.
-
Не изменувајте или отстранувајте какви било делови од адаптерот
или неговиот кабел, бидејќи тоа може да доведе до опасна ситуација.
-
Користете го само испорачаниот адаптер.
-
Ако адаптерот се оштети, секогаш треба да го замените со адаптер
од оригиналниот тип за да се избегне опасност.
-
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица
со ограничени физички, сензорни или ментални способности или
лица со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор
или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да
ги разбираат можните опасности. Децата не смеат да си играат со
апаратот. Децата не треба да го чистат или да го одржуваат апаратот
без надзор.
109
Македонски

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Avent scd833Avent scd835

Table of Contents