Philips Avent SCD831 Manual page 110

Hide thumbs Also See for Avent SCD831:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
110
Македонски
-
Заштитете го кабелот за напојување за да не се гази врз него или да
не биде приклештен, особено кај приклучокот, штекерот и местото
каде што излегува од уредот.
-
Поставете го мониторот за бебе на начин на кој неговиот кабел нема
да пречи на некој влез или премин. Ако го ставите мониторот за бебе
на маса или ниска комода, не дозволувајте кабелот за напојување
да виси од работ на масата или комодата. Не го оставајте кабелот на
подот каде што ќе претставува ризик од сопнување.
-
Чувајте ги материјалите од пакувањето (пластични ќеси, картони
итн.) каде што нема да бидат на дофат на децата, бидејќи тие не се
играчки.
-
За да не предизвикате електричен удар, не го отворајте куќиштето на
апаратот за бебето или апаратот за родителот.
Упатства за безбедност на батеријата
-
Користете го овој производ само за неговата предвидена употреба
и следете ги општите упатства и упатствата за безбедност на
батеријата што се наведени во ова упатство за користење.
Неправилното користење може да предизвика електричен удар,
изгореници, пожар и други опасности и повреди.
-
За полнење на батеријата треба да ја користите само отстранливата
единица за напојување* што се испорачува со производот. Не
користете продолжителен кабел.
-
Производот треба да се полни, користи и складира само на
температура од 0 °C до 40 °C.
-
Секогаш исклучувајте го производот од штекер откако ќе се наполни
целосно.
-
Немојте да ги палите производите и нивните батерии и не ги
изложувајте на директна сончева светлина или високи температури
(на пр., во возила на сонце или покрај жешки рингли). Батериите
можат да експлодираат ако се прегреат.
-
Ако производот стане невообичаено жежок, оддава невообичаена
миризба, ја менува бојата или неговото полнење трае многу подолго
од вообичаеното, тогаш престанете да го користите и полните
производот и обратете се кај локалниот продавач на производи од
Philips.
-
Не ги ставајте производите и нивните батерии во микробранови
печки или индукциски готвачи.
-
Овој производ содржи батерија на полнење што не може да се
менува. Не го отворајте производот за да ја замените батеријата на
полнење.
-
Кога ракувате со батериите, не заборавајте дека вашите раце,
производот и батериите треба да бидат суви.
-
За да спречите прегревање на батериите или испуштање токсични
или опасни супстанции од нив, не треба да ги изменувате,
продупчувате или оштетувате производите и батериите, а батериите
не треба да ги расклопувате, прекумерно да ги полните, да им
правите краток спој или да ги полните со спротивен поларитет.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Avent scd833Avent scd835

Table of Contents