Bosch Professional GSB 162-2 RE Original Instructions Manual page 129

Hide thumbs Also See for Professional GSB 162-2 RE:
Table of Contents

Advertisement

Тек на десно: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за промена на правецот на
вртење 3 налево.
Тек на лево: За олабавување одн. одвртување на завртки
и навртки притиснете на прекинувачот за менување на
правецот на вртење 3 надесно.
Подесување на начинот на работа
Дупчење и одвртување
Поставете го прекинувачот 2 на ознаката
„Дупчење".
Ударно дупчење
Поставете го прекинувачот 2 на ознаката
„Ударно дупчење".
Прекинувачот 2 ќе се вклопи и може да се активира и
додека работи моторот.
Механички избор на брзини
 Прекинувачот за избор на брзина 8 може да го
активирате во состојба на мирување или додека
работи електричниот апарат. Сепак тој не смее да се
активира при полно оптоварување или максимален
број на вртежи.
Со прекинувачот за избор на брзини 8 може да изберете 2
обеми на брзини.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за работење со
голем дијаметар на дупчење или за
зашрафување.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за работење со мал
дијаметар на дупчење.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
5 и држете го притиснат.
За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 5 притиснете го копчето за
фиксирање 4.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 5 одн. доколку
тој е блокиран со копчето за фиксирање 4, кратко
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
5 и потоа ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Спојка за заштита од преоптоварување
За да се ограничат високите
реакциски моменти, електричниот
апарат е опремен со спојка за
заштита од преоптоварување (анти-
ротација).
Bosch Power Tools
 Доколку алатот што се вметнува се стегне или
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот апарат секогаш држете го,
поради јачината со која работи, цврсто со двете
дланки и застанете во сигурна положба.
 Исклучете го електричниот апарат и олабавете го
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот апарат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат моменти на
блокирање.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 5.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 се постигнуваат мал број на
вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се
зголемува и бројот на вртежи/удари.
Бирање на бројот на вртежи/удари
Со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи 6
може да го изберете потребниот број на вртежи/удари и за
време на користењето на апаратот.
Неопходниот број на вртежи/удари зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот апарат по
прекин на струја.
За повторно вклучување прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 ставете го во положба
Исклучено и одново вклучете го електричниот апарат.
Совети при работењето
 Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
По долготрајна работа со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот апарат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
За дупчење на плочки поставете го прекинувачот 2 на
ознаката „Дупчење". Откако ќе ја продупчите плочката,
поставете го прекинувачот на ознаката „Ударно дупчење"
и работете со удари.
При работење во бетон, камен и ѕид користете дупчалка за
цврст метал.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени HSS дупчалки (HSS=висококапацитетни за
брзо сечење со челик). Програмата на опрема на Bosch
гарантира квалитет.
Со уредот за острење на бургии (опрема) без мака може
да ја наострите спиралната бургија со дијаметар од
2,5–10 мм.
Македонски | 129
2 609 932 882 | (3.6.14)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents