Makita UR013G Instruction Manual page 93

Cordless grass trimmer
Hide thumbs Also See for UR013G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Заштита од преоптоварување за
алатот или батеријата
Ако алатот или касетата за батеријата се прегреани,
алатот автоматски запира. Кога алатот е прегреан,
светлото за предупредување свети црвено. Кога
касетата за батеријата е прегреана, светлото за
предупредување трепка црвено. Оставете алатот и/
или батеријата да се изладат пред повторно да го
вклучите истиот.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата е мал, алатот
автоматски ќе запре, а ламбичката за внимание ќе
започне да трепка црвено.
Ако алатот не работи ниту при ракување со
прекинувачите, извадете ја касетата за батерија од
алатот и наполнете ја.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
► Сл.6: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
93 МАКЕДОНСКИ
Прекинувач за главно напојување
За да го вклучите алатот, притиснете го копчето за главно
напојување. За да го исклучите алатот, притиснете го и
задржете го копчето за главното напојување додека не се
исклучи ламбичката за главното напојување.
► Сл.7: 1. Ламбичка за главно напојување
2. Главно копче за напојување
НАПОМЕНА: Алатот автоматски ќе се исклучи ако
се него не се ракува одреден временски период.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
овој алат е опремен со рачка за блокирање
која спречува алатот да се вклучи ненамерно.
НИКОГАШ не користете го алатот ако работи
кога едноставно ќе го повлечете прекинувачот
без притискање на рачката за блокирање.
Вратете го алатот во нашиот овластен
сервисен центар за соодветна поправка ПРЕД
натамошна употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
да ја залепувате или да ја оневозможувате
функцијата на рачката за блокирање.
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја вметнете
касетата за батеријата во алатот, секогаш
проверувајте дали прекинувачот за
стартување функционира правилно и дали се
враќа во положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
Ако работите со алат чиј прекинувач не работи
исправно, може да дојде до загуба на контролата
и тешка телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Кога го носите алатот,
никогаш не ставајте го прстот на главното
копче за напојување и на прекинувачот
за стартување. Алатот може да се вклучи
ненамерно и да предизвика повреда.
ЗАБЕЛЕШКА:
Немојте силно да го
повлекувате прекинувачот без да ја притиснете
рачката за блокирање. Тоа може да предизвика
дефект на прекинувачот.
За да се спречи случајно повлекување на прекинувачот
за стартување, вграден е лост за деблокирање. За да го
стартувате алатот, притиснете ја рачката за одблокирање
и повлечете го прекинувачот за стартување. Отпуштете
го прекинувачот за стартување за да сопре.
► Сл.8: 1. Лост за одблокирање 2. Прекинувач за
стартување
Нагодување на брзината
Може да ја нагодите брзината на алатот со помош
на лостот за нагодување. За да ја нагодите брзината
на алатот, поместете го лостот додека ја притискате
рачката за одблокирање и повлечете го прекинувачот
за стартување. За зголемување на брзината,
поместете го лостот надолу. За намалување на
брзината, поместете го лостот нагоре. Кога лостот за
нагодување е на највисока позиција, алатот запира.
► Сл.9: 1. Лост за нагодување
За ваша безбедност,
НИКОГАШ немојте

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents