Makita LS0816F Instruction Manual page 96

Slide compound miter saw
Hide thumbs Also See for LS0816F:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Нагодување на аголот на спојот
ВНИМАНИЕ:
По промената на аголот на
спојот, секогаш прицврстувајте ја вртливата
основа цврсто стегнувајќи ја дршката.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога ја вртите вртливата
основа, целосно подигнувајте ја рачката.
Свртете ја дршката налево за да ја отклучите
вртливата основа. Завртете ја дршката додека
го држите лостот за блокирање нагоре за да ја
придвижите вртливата основа. Изедначете го
покажувачот со саканиот агол на аголот на спој на
скалата, а потоа затегнете ја дршката.
► Сл.18: 1. Лост за блокирање 2. Држач 3. Покажувач
Функција на позитивно запирање
Оваа аголна пила располага со функција на
позитивно стопирање. Брзо може да поставите
десен/лев агол на спој од 0°, 15°, 22,5°, 31,6° и 45°.
За да ја користите оваа функција, придвижете ја
вртливата основа близу до посакуваниот позитивен
агол на стопирање додека го држите нагоре
лостот за блокирање. Потоа отпуштете го лостот
за блокирање и придвижете ја вртливата основа
кон саканиот позитивен агол на стопирање додека
вртливата основа не се блокира.
Нагодување на аголот на закосеност
ВНИМАНИЕ:
По промената на аголот на
закосеност, секогаш прицврстувајте ја раката
стегнувајќи ја рачката со вртење надесно.
ЗАБЕЛЕШКА:
Секогаш отстранувајте го
вертикалното менгеме пред да го нагодите
аголот на закосеност.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога го навалувате сечилото на
циркуларната пила, осигурете се дека носачот
е целосно подигнат.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога ги менувате аглите на
закосеност, позиционирајте ги повторно
таблите со засеци соодветно како што е
објаснето во делот за позиционирање табли
со засеци.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не затегнувајте го лостот
премногу силно. На тој начин може да
се предизвика дефект на механизмот за
блокирање на аголот на закосеност.
Навалување на сечилото на
циркуларната пила налево од 0° до 45°
1.
Ротирајте го лостот налево.
2.
Држете ја рачката и навалете го носачот налево.
3.
Изедначете го покажувачот со саканиот агол на
скалата на аголот на закосеност.
4.
Стегнете го лостот надесно за да ја
прицврстите раката.
► Сл.19: 1. Лост 2. Рачка 3. Покажувач 4. Скала на
аголот на закосеност
Навалување на сечилото на
циркуларната пила понатаму од
лево од 0° до 45°
1.
Ротирајте го лостот налево.
2.
Држете ја рачката и поставете го носачот на 0°
за десна 2° страна или 45° за лева 47° страна.
3.
Навалете го носачот малку на спротивната
страна.
4.
Притиснете го копчето за отпуштање.
5.
Навалете го носачот до саканата позиција по
опсегот од 0° до 45°.
6.
Стегнете го лостот надесно за да ја
прицврстите раката.
Кога го навалувате носачот надесно на 2°
► Сл.20: 1. Лост 2. Рачка 3. Копче за отпуштање
Кога го навалувате носачот налево на 47°
► Сл.21: 1. Лост 2. Рачка 3. Копче за отпуштање
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
приклучите кабелот во мрежата, секогаш
проверувајте дали прекинувачот за
стартување функционира правилно и се
враќа во положбата „ИСКЛУЧЕНО" кога
ќе се отпушти. Не повлекувајте го силно
прекинувачот за стартување без да го
притиснете копчето за блокирање. Тоа може
да предизвика дефект на прекинувачот. Ако
работите со алат чиј прекинувач не работи
исправно, може да дојде до загуба на контролата
и тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го алатот ако прекинувачот не
е целосно функционален. Секој алат со
неисправен прекинувач е МНОГУ ОПАСЕН и
мора да се поправи пред натамошна употреба,
во спротивно, може да дојде до тешка телесна
повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
оневозможувајте го копчето за блокирање
туркајќи го надолу или на друг начин.
Прекинувачот со поништено копче за блокирање
може да резултира со ненамерно стартување на
алатот и тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го алатот ако работи со едноставно
повлекување на прекинувачот без да се
притисне копчето за блокирање. Прекинувачот
што треба да се поправи може да резултира со
ненамерно стартување на алатот и тешка телесна
повреда. Вратете го алатот во сервисен центар на
Makita за соодветна поправка ПРЕД натамошна
употреба.
96 МАКЕДОНСКИ
Пред да го
НИКОГАШ не
НИКОГАШ не
НИКОГАШ не

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents