Makita LS0816F Instruction Manual page 92

Slide compound miter saw
Hide thumbs Also See for LS0816F:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
13. Не користете друго лице како замена
за продолжеток на масата или како
дополнителна поддршка. Нестабилна
поддршка на работниот материјал може
да предизвика сврзување на ножот или
префрлање на работниот материјал за време
на операцијата на сечење повлекувајќи ве вас
и вашиот помошник кон ножот што се врти.
14. Отсеченото парче не треба да се заглавува
или притиска на каков било начин кон ножот
на пилата што се врти. Ако е во ограничен
простор, односно употребувате стопери за
должина, отсеченото парче би можело да се
заглави во ножот и насилно да биде исфрлено.
15. Секогаш користете менгеме или фиксатор
што се дизајнирани за соодветна поддршка
на заоблен материјал, како шипки или
цевки. Шипките имаат тенденција да се вртат
додека се сечат, со што се предизвикува
сечилото да „гризе" и да го повлече
материјалот со вашата рака кон ножот.
16. Ножот треба да достигне полна брзина пред
да дојде во контакт со работниот материјал.
Ова ќе го намали ризикот од исфрлање на
работниот материјал.
17. Ако работниот материјал или ножот се
заглават, исклучете ја аголната пила.
Почекајте сите подвижни делови да запрат и
исклучете го кабелот од изворот на енергија
и/или извадете ја батеријата. Потоа пробајте
да го извадите заглавениот материјал. Ако
продолжите да пилате со заглавен работен
материјал, може да изгубите контрола врз
аголната пила или пак да ја оштетите.
18. По завршувањето на сечењето, отпуштете го
прекинувачот, држете ја главата на пилата надолу
и почекајте ножот да запре пред да го отстраните
отсеченото парче. Опасно е да посегнувате со
раката во близина на движечкото сечило.
19. Користете само нож за пила со дијаметар
што е означен на алатот или назначен во
прирачникот. Употребата на нож за пила со
неправилни димензии може да влијае врз
правилната заштита или работењето на ножот
за пилата или заштитникот, што може да
резултира со тешка телесна повреда.
20. Користете само ножеви за пила што се
означени со брзина еднаква или поголема
од брзината означена на алатот.
21. Не користете ја пилата за сечење на други
материјали освен назначените.
22. (Само за земјите во Европа)
Секогаш користете го ножот што е во
согласност со EN847-1, ако е наменето за
дрвени и слични материјали.
Дополнителни инструкции
1.
Направете ја работилница безбедна за деца
користејќи катанци.
2.
Никогаш не стојте врз алатот. Може да дојде
до сериозна повреда ако се преврти алатот или
ако ненамерно се допре алатот за сечење.
Никогаш не оставајте го алатот вклучен
3.
без надзор. Исклучете го напојувањето.
Не оставајте го алатот додека не запре
целосно.
4.
Не работете со пилата ако не се поставени
штитниците. Проверувајте дали штитникот
на ножот е правилно затворен пред секоја
употреба. Не работете со пилата ако
штитникот на ножот не се движи слободно
и не се затвора веднаш. Никогаш немојте
да го стегнувате или врзувате штитникот на
ножот во отворена положба.
Држете ги рацете надвор од патеката на
5.
движење на ножот за пилата. Избегнувајте
допир со нож за пила што врти слободно.
Тоа сè уште може да предизвика тешка
повреда.
За да се намали ризикот од повреда,
6.
враќајте го носачот на последната задна
позиција по секоја операција на вкрстено
сечење.
7.
Секогаш фиксирајте ги сите подвижни
делови пред да го пренесувате алатот.
8.
Осигурувачот или лостот за стопирање, кој
ја блокира главата на пилата надолу, служи
само за пренесување и складирање, а не за
операции за сечење.
9.
Пред работата, внимателно проверете
дали на ножот за пилата има пукнатини или
оштетувања. Ако е пукнат или оштетен,
заменете го ножот за пилата веднаш.
Наслагите и дрвените отпадоци кои
остануваат залепени на ножот за пилата,
ја забавуваат пилата и го зголемуваат
потенцијалот за повратен удар. Одржувајте
го ножот за пилата чист прво вадејќи го од
алатот, потоа чистејќи го со отстранувач на
наслаги, врела вода или керозин. Никогаш
не користете бензин за чистење на ножот за
пилата.
10. При потезно сечење, може да се случи
ПОВРАТЕН УДАР. До ПОВРАТЕН УДАР
може да дојде кога ножот за пилата се
сврзува со работниот материјал за време
на операцијата на сечење и ножот за пилата
брзо се движи кон операторот. Тоа може да
доведе до губење на контролата врз алатот
и сериозни телесни повреди. Ако ножот за
пилата почнува да се сврзува за време на
сечењето, не продолжувајте со сечење и
веднаш отпуштете го прекинувачот.
11.
Користете само фланши наменети за овој
алат.
12. Внимавајте да не ги оштетите вратилото,
фланшите (особено површината за
монтирање) или завртката. Оштетувањето
на тие делови може да доведе до кршење на
ножот за пилата.
13. Осигурете се вртливата основа да е
правилно прицврстена за да не се движи
за време на работата. Користете ги дупките
во основата за да ја зацврстите пилата на
стабилна работна платформа или клупа.
НИКОГАШ не користете алат каде што
позиционирањето на операторот ќе биде
непријатно.
14. Осигурете блокадата на оската да
е ослободена пред да го вклучите
прекинувачот.
92 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents