Makita DUR193 Instruction Manual page 63

Cordless grass trimmer
Hide thumbs Also See for DUR193:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Секогаш носете заштитни очила за да ги
3.
заштитите очите од повреда кога користите
електрични алати. Очилата мора да се
усогласени со ANSI Z87.1 во САД, EN 166 во
Европа или AS/NZS 1336 во Австралија/Нов
Зеланд. Во Австралија/Нов Зеланд исто така
постои законска обврска за носење штитник
за лице за да си го заштитите лицето.
Работодавачот е одговорен дали
операторите со алатот и другите лица
во непосредната работна околина носат
соодветна безбедносна заштитна опрема.
Безбедност на електричните делови и батеријата
Избегнувајте опасни средини. Не користете
1.
го алатот на влажни места и не изложувајте
го на дожд. Ако навлезе вода во алатот, тоа
може да го зголеми ризикот од струен удар.
Полнете само со полначот одреден од страна
2.
на производителот. Полнач што е соодветен
за еден тип батерија може да создаде ризик од
пожар кога се користи со друга батерија.
Исклучиво користете ги електричните
3.
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да
создаде ризик од повреда или пожар.
Кога батеријата не се користи, држете ја
4.
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
При неправилна употреба, од батеријата
5.
може да истече течност. Избегнувајте контакт
со неа. Ако дојде до ненамерен контакт,
измијте со вода. Ако течноста дојде во
допир со очите, побарајте лекарска помош.
Течноста што истекла од батеријата може да
предизвика иритација или изгореници.
Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата
6.
може да експлодира. Проверете ги
локалните прописи за можни упатства за
специјален отпад.
Не отворајте ги и не уништувајте ги
7.
батериите. Електролитот што се ослободува
е корозивен и може да предизвика
оштетување на очите или кожата. Може да е
токсичен ако се голтне.
Не полнете ја батеријата на дожд или на
8.
влажни места.
Стартување на алатот
► Сл.3
Уверете се да нема деца или други луѓе во
1.
работниот опсег од 15 метри (50 стапки) и
обрнете внимание на животните во близина
на работното место. Во спротивно, запрете
со користење на алатот.
Пред употреба, секогаш проверувајте дали
2.
алатот е безбеден за користење. Проверете
ја сигурноста на алатот за сечење, на
штитникот и на прекинувачот/копчето за
лесна и соодветна работа. Проверете дали
дршките се чисти и суви и тестирајте го
функционирањето на прекинувачот за
вклучување/исклучување.
Проверете дали има оштетени делови
3.
пред натамошната употреба на алатот.
Штитникот или друг дел што е оштетен,
треба внимателно да се проверат за да
се утврди дали ќе работат исправно и
дали ќе ја извршат својата наменета
функција. Проверете го порамнувањето на
подвижните делови, спојот на подвижните
делови, скршени делови, монтажа и сите
други состојби што може да влијаат врз
работата. Штитникот или друг дел што е
оштетен, треба соодветно да се поправат
или заменат од страна на наш овластен
сервисен центар, освен ако не е поинаку
наведено во ова упатство за користење.
Вклучете го моторот само кога рацете и
4.
стапалата се настрана од алатот за сечење.
Пред стартувањето, уверете се дека алатот
5.
за сечење не е во допир со тврди предмети
како што се гранки, камења итн. бидејќи
алатот за сечење ќе почне да врти откако ќе
се стартува.
Внимавајте да нема електрични кабли,
6.
цевки за вода, цевки за плин итн. што може
да предизвикаат опасност доколку се
оштетени со употребата на алатот.
Метод на работа
Никогаш не работете со машината со
1.
оштетени штитници или без поставени
штитници.
Користете го алатот само во услови на
2.
добра светлина и видливост. За време на
зимата, внимавајте на лизгави или влажни
подлоги, мраз и снег (ризик од лизнување).
Секогаш обезбедете сигурна потпора со
нозете.
Внимавајте да не дојде до повреда на
3.
стапалата и рацете од алатот за сечење.
Држете ги рацете и стапалата подалеку од
4.
средствата за сечење цело време, а особено
кога го вклучувате моторот.
Никогаш не сечете над висина на струкот.
5.
Никогаш не стојте на скала додека работите
6.
со алатот.
Никогаш немојте да работите на нестабилни
7.
површини.
Не пресегајте се. Одржувајте добра
8.
стабилност и рамнотежа со нозете цело
време.
63 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents