Makita TD110D Instruction Manual page 34

Hide thumbs Also See for TD110D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Точен вртежен момент за стандардна завртка
N•m
(kgf•cm)
100
(1020)
80
(816)
60
(612)
2
40
(408)
20
(204)
0
1. Време за стегање (секунди) 2. Вртежен момент
Точен вртежен момент за завртка со голема
издржливост на затегнување
N•m
(kgf•cm)
100
(1020)
80
(816)
60
(612)
2
40
(408)
20
(204)
0
1. Време за стегање (секунди) 2. Вртежен момент
Држете го алатот цврсто и поставете го врвот од
бургијата во главата од шрафот. Турнете нанапред
на алатот доволно за бургијата да не се лизне од
завртката и вклучете го алатот за да започнете со
работа.
34 МАКЕДОНСКИ
M12
M10
M12
M8
M10
M8
1
2
1
M10
M10
M8
M8
1
2
1
НАПОМЕНА: Користете ја соодветната бургија
за главата од шрафот/завртката што сакате да ја
користите.
НАПОМЕНА: Кога затегнувате завртка M8
или помала, изберете соодветна ударна
сила и внимателно нагодете го притисокот на
прекинувачот, така што завртката да не се оштети.
НАПОМЕНА: Држете го алатот праволиниски во
однос на завртката.
НАПОМЕНА: Ако ударната сила е преголема
или ја стегате завртката подолго отколку што е
прикажано на сликите, завртката или врвот на
елементот на бургијата може да провртат, да
се соголат, оштетат итн. Пред да започнете со
работата, секогаш извршувајте тест-операција за
да го одредите соодветното време за стегање за
вашата завртка.
Вртежниот момент за стегање зависи од многу
фактори, вклучувајќи ги и следниве. По стегањето,
секогаш проверете го вртежниот момент со
динамометарски клуч.
1.
Кога батеријата е скоро целосно испразнета,
напонот ќе падне и моментот на затегнување
ќе се намали.
2.
Бургија за одвртување или приклучок за бургија
Ако не се користи точната големина на бургија
за одвртување или приклучок за бургија,
може да настане намалување на моментот на
затегнување.
3.
Завртка
Иако коефициентот на вртежниот
момент и класата на завртката се исти,
правилниот вртежен момент за стегање ќе
се разликува во зависност од дијаметарот
на завртката.
Иако дијаметрите на завртките се
исти, правилниот вртежен момент за
стегање ќе се разликува во зависност
од коефициентот на вртежниот момент,
класата на завртката и должината на
завртката.
4.
Начинот на држењето на алатот или положбата
на завртката во однос на материјалот ќе
влијаат врз вртежниот момент.
5.
Ракувањето со алатот при ниска брзина ќе
предизвика намалување на моментот на
затегнување.
Користење футрола
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ: Кога користите футрола,
отстранете ја бургијата за одвртување/
дупчење од алатот.
ВНИМАНИЕ: Исклучете го алатот и почекајте
додека не запре целосно пред да го поставите
во футролата.
Цврсто затворете ја футролата со копчето на
футролата за цврсто да го држи алатот.
1.
Вметнете ремен или нешто слично низ држачот
на футролата.
►Сл.11: 1. Држач на футрола 2. Ремен

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents