Hisense D12CW Instruction Manual page 157

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Уверете се дека просторот е на отворено или дека има соодветна вентилација пред да
го отворите системот или да вршите каква било работа што вклучува топлина. Додека
се изведува работата треба да се одржува одреден степен на вентилација. Оваа
венталација треба безбедно да го однесе секое ослободено средство за ладење и по
можност да го исфрли надвор во атмосферата.
2.2.8 Проверки на опремата за ладење
Онаму каде што се менуваат електричните компоненти, тие треба да бидат соодветни
за намената и да ги исполнуваат точните спецификации. Во секое време треба да се
следат упатствата за одржување и сервисирање на производителот. Доколку се
сомневате, консултирајте се со техничкиот оддел на производителот за помош.
Следниве проверки треба да се применат на инсталации кои користат запаливи
средства за ладење:
– Големината на полнењето треба да биде во согласност со големината на просторијата
во која се поставени деловите што содржат средство за ладење;
– Механизацијата за вентилација и испустите треба да работат соодветно, без никакви
пречки;
– Доколку се користи индиректно разладно коло, секундарното коло треба да се
провери за присуство на средство за ладење;
– Ознаките на опремата треба да бидат видливи и читливи. Ознаките и знаците кои се
нечитливи треба да се коригираат;
- Разладната цевка или компонентите треба да се инсталираат на позиција каде што е
малку веројатно да бидат изложени на некоја супстанција што може да ги кородира
компонентите што содржат средство за ладење, освен ако компонентите се изградени
од материјали кои се инхерентно отпорни на кородирање или се соодветно заштитени
од таква корозија.
2.2.9 Проверки на електричните компоненти
Поправката и одржувањето на електричните компоненти треба да вклучуваат првични
безбедносни проверки и процедури за проверка на компонентите. Ако постои дефект
што може да ја загрози нечија безбедност, тогаш не треба да се приклучува електрично
напојување за колото додека дефектот не се отстрани. Ако дефектот не може веднаш
да се отстрани, но е неопходно да се продолжи со работа, треба да се користи
соодветно привремено решение. Ова треба да се пријави кај сопственикот на опремата,
за да бидат информирани сите страни.
Првичните безбедносни проверки треба да вклучуваат:
- да се осигурате дека кондензаторите се испразнети: тоа треба да се направи на
безбеден начин за да се избегне можноста за искрење;
-да се осигурате дека нема изложени електрични компоненти или жици под напон
додека се полни, обновува или прочистува системот;
-проверка дали има заземјувањето е постојано поврзано.
9

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

D16cw

Table of Contents