•
Кога ќе се врати напојувањето во фрижидерот по прекин на напојувањето, кофата на апаратот за правење
мраз може да содржи комбинација на стопени и заглавени коцки мраз, што може да предизвика дефект во
системот. За да го спречите тоа, испразнете ја кофата на апаратот за правење мраз пред да почнете да го
користите фрижидерот.
•
За да не ја испуштите кофата на апаратот за правење мраз, користете ги двете раце кога ја отстранувате
или повторно ја вметнувате.
•
Не им дозволувајте на децата да се нишаат или да си играат со диспензерот за мраз или со кофата на
апаратот за правење мраз. Децата може да се повредат.
•
Не ставајте прсти или други предмети во отворот на диспензерот или во каналот за мраз. Тоа може да
предизвика физичка повреда или материјална штета.
ЗАБЕЛЕШКА
•
Ако ја отстраните кофата на апаратот за правење мраз, показателот ON (Вклучено) на апаратот за
правење мраз ќе почне да трепка.
•
Отстранувањето на кофата на апаратот за правење мраз нема да влијае врз термалните и механичките
перформанси на фрижидерот.
•
Наведениот волумен на замрзнувачот е измерен заедно со елементот за замрзнувач и долната полица,
откако претходно биле отстранети апаратот за правење мраз, горната и долната фиока.
Untitled-10 53
Македонски 53
2021-01-11
3:12:41