Samsung RS68A8840WW/EF User Manual page 301

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 147
Безбедносни информации
• Уредот може да го користат деца постари од 8 години, како и лица со намалени
физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени
лица, доколку бидат надгледувани или им се дадени упатства за користење на
апаратот на безбеден начин и доколку им се објаснат можните опасности. Децата
не смеат да си играат со уредот. Децата не смеат да го чистат и да го одржуваат
уредот без надзор. На децата на возраст од 3 до 8 години им е дозволено да ги
полнат и празнат уредите за ладење.
• Ако кабелот за струја е оштетен, тој мора да биде заменет од страна на
производителот, сервисерот или слично квалификувани лица со цел да се
избегне опасност.
• Приклучокот мора да биде лесно достапен за да се овозможи брзо исклучување
на уредот од доводот во итни случаи.
- Тој мора да биде надвор од областа на задниот дел од уредот.
• Не чувајте експлозивни супстанци како на пример лименки со аеросол со
запаливо гориво во уредот.
• Ако производот е опремен со LED ламба, немојте да ги демонтирате капаците на
ламбата или LED ламбата.
- Контактирајте со најблискиот сервисен центар.
- Користете ги само LED ламбите од производителот или претставниците на
сервисниот центар.
• Треба да се користат новите црева што се испорачуваат со уредот, а старите
црева не треба повторно да се користат.
• Доводот за вода на фрижидерот поврзувајте го само во систем за снабдување на
вода за пиење. За правилно работење на апаратот за правење мраз, потребен е
притисок на водата од 206-861 kPa (30-125 psi).
• За најефективна употреба на енергија, чувајте ги сите внатрешни делови како на
пр. корпи, фиоки, полици во положба предвидена од производителот.
• За добивање на најдобрата енергетска ефикасност од овој производ, оставете ги
сите полици, фиоки и корпи на нивната првобитна положба.
8 
Македонски
Untitled-10 8
2021-01-11
3:12:34

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents