Download Print this page

Beko WTV 8511 X0 User Manual page 45

Advertisement

Available languages

Available languages

Додавање или вадење алишта
Можете да ставате/вадите алишта кога програмата работи ако нивото на водата е соодветно
за да може да се отвори вратата. За да го направите тоа:
1. Притиснете го копчето за вклучување / паузирање за да ја префрлите машината во режим
на пауза. Светилката за следење на програмата за дадениот чекор при кој машината била
префрлена во режим на пауза ќе започне да трепка.
2. Почекајте додека може да се отвори вратата за полнење.
3. Отворете ја вратата за полнење и додадете или извадете алишта.
4. Затворете ја вратата за полнење.
5. Ако е потребно, направете промени во поставките за брзината.
6. Притиснете го копчето за вклучување / паузирање за да ја вклучите машината.
4.3.15 Откажување на програмата
За откажување на програма, свртете го регулаторот за избор на програмата за избор на
друга програма. Претходната програма ќе се откаже. Светилката за крај / откажување ќе
трепка континуирано за да извести дека програмата е откажана.
Машината ќе ја заврши програмата кога ќе го свртите регулаторот за избор на програма.
Сепак, така нема да се испушти водата што е внатре. Кога ќе изберете и вклучите нова
програма, новата избрана програма ќе започне во зависност од фазата во која била
исклучена претходната програма. На пример, може да земе повеќе вода или да продолжи да
пере со водата што е веќе внатре.
C
Некои програми може да започнат без да ја исфрлат водата во машината. Во зависност од чекорот во кој
била откажана програмата, може ќе треба да ставите детергент или омекнувач повторно за новоизбраната
програма.
4.3.16 Крај на програмата
Кога програмата завршува, се вклучува ЛЕД сијаличката „End" на индикаторот за следење на
програмата.
1. Почекајте додека комплетно не се исклучи „Door Lock Enabled LED".
2. За да ја исклучите машината, свртете го регулаторот за избор на програма на позиција за
„вклучување/исклучување".
3. Извадете ги алиштата и затворете ја вратата. Машината е подготвена за следниот циклус
на перење.
4.3.17 Вашата машина има „Режим на пауза".
Откако ќе ја вклучите машината со копчето за бирање програма (со поставување на
поразлична позиција од позицијата за „вклучување/исклучување"), ако не започне програма
или не се врши друга постапка во избраната етапа, или, пак нема никакво дејство околу 2
минути откако ќе заврши избраната програма, машината автоматски ќе се префрли во режим
за заштеда на струја. Осветленоста на светилките на индикаторите ќе се намали. Исто
така, ако производот има екран што го прикажува времето на програмата, овој екран ќе се
исклучи потполно. Светилките и приказот ќе се вратат на претходната состојба ако го свртите
регулаторот за избор на програмата или ако притиснете некое копче. Ќе се сменат изборите
што сте ги направиле при излез од режимот за заштеда на струја. Проверете дали е точен
изборот пред да ја вклучите програмата. Направете ги поставките одново ако е потребно.
Ова не е грешка.
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
45 / MK

Advertisement

loading